Црна вода тече во водоводите во Венецуела (ВИДЕО)

Преплашените жители на Венецуела не можеа да поверуваат дека по петдневното исклучување на струјата , веќе немаат вода за пиење.

Жителите на градовите Сан Диего , во областа Карабабо ги преплавија социјалните мрежи со снимки од црна вода , односно од нафта што тече во водоводните цевки. Во градот има повремени прекини на снабдување со вода за пиење веќе со месеци.

Сега поради петдневниот недостиг на електрична енергија , пумпите за чиста вода се надвор од функција и во чешмите тече нафта.

И од септември упис во градинки само со уреден вакцинален картон

Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека невакцинираните деца не треба да одат во училиште, ниту во градинка бидејќи, како што посочи, индивидуалното добро неможе да биде пред колектоивното.

– За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени, истакна Царовска. /МИА

Трибина на ДОМ во Крушево: Придобивки од развојот на еко-туризмот

Зелената партија ДОМ одржа трибина во Крушево за придобивките од развојот на еко-туризмот. На трибината присуствуваа претставници од институциите, граѓански здруженија и угостителскиот сектор.

Во своето воведно обраќање, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин зборуваше за значењето на еко-туризмот кој за разлика од масовниот туризам, истовремено овозможува заштита на животната средина и биодиверзитетот и економски бенефит, особено за локалното население.

"Со раст од 50% на бројот на туристи во мината година Крушево е добар пример како еко-туризмот може да придонесе за економски бенефит на локалното население. Тоа пред се, се должи на подемот на параглајдерството, алпинизмот, планинскиот велосипедизам и други форми на активен туризам"-рече Морачанин.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски ги истакна позитивните резултати од поддршката која Агенцијата ја обезбедува за развој на еко-туризмот. Особено значајни се финансиската помош за полетувалиштето за параглајдерство, ознаките за велосипедски и планинарски патеки, како и промоцијата на Крушево како туристичка дестинација на голем број меѓународни саеми за туризам.

Државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска говореше за значењето на управувањето со отпадот за квалитетот на живот на граѓаните, но и како предуслов за развој на туризмот. Таа го презентираше планот за управување со цврст отпад во Пелагонискиот регион, што ќе овозможи затворање на дивите депонии и изградба на регионална санитарна депонија во Суводол.

Претставникот од општина Крушево, Сотир Габелоски ги презентираше веќе реализираните и проектите кои општината ги планира за следниот период, со цел изградба на туристичка инфраструктура, подобрување на јавната хигиена и промоција на туризмот. Еден од најголемите предизвици е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето на Крушево.

Претставничката од параглајдерскиот клуб Хели ХЦ, Кристина Пејчиновска истакна дека во тек на петмесечната сезона, околу 2000 параглајдеристи престојувале во Крушево. Таа се осврна на потребата за постојано присутна спасувачка екипа, наплата на такса за летање, комуникација со контролата на летање, обезбедување на паркинг на полетувалиштето, како и слетувалиште за параглајдеристите и туристички мапи за посетителите.

Во текот на двочасовната конструктивна дискусија присутните истакнаа дека евидентни се позитивните  резултати од реализираните активности и ги дефинираа потребните мерки кои институциите треба да ги преземат за понатамошен развој на еко-туризмот во Крушево./МИА

Потпишан протокол за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе со Република Бугарија

Покрај засилената регионална соработка, Република Македонија настојува во континуитет да ги зајакнува и своите национални капацитети за борба против трговија со луѓе.

„Борбата против организираниот криминал не познава граници, што не упатува на заедничка акција. Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба“, рече министерот Оливер Спасовски по денешното потпишување на протоколот за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе со Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов во Охрид.

Протоколот за соработка помеѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Македонија во областа на борбата против трговијата со луѓе отвара нови можности за продлабочување на соработката во однос на превенцијата, идентификацијата и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

„Со потпишување на протоколот јасно ја изразивме нашата подготвеност за интензивирање на размената на информациите во однос на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, како и за спроведување на заеднички активности за идентификација на новите трендови за трговија со луѓе и креирање на погодни механизми за соодветен одговор. Исто така, со овој протокол се отвараат можности за спроведувањето заеднички јавни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за превенција на трговијата со луѓе, како и спроведување на заеднички проекти, обуки и размена на искуства со цел јакнење на капацитетите за борба против трговија со луѓе“, рече Спасовски.

Покрај засилената регионална соработка, Република Македонија настојува во континуитет да ги зајакнува и своите национални капацитети за борба против трговија со луѓе.

„ Под раководство на јавните обвинители и со активно партиципирање на околу 50-тина полициски службеници, пред само една година воспоставиме Task Force за криумчарење мигранти и трговија со луѓе и од оваа перспектива можам да изразам задоволство што приоритетите се реализираат и во пракса даваат резултати“, рече Спасовски.

Вицепремиерот Каракачанов потенцира дека и потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија.

„Македонија има пријател и поддржувач во Република Бугарија“, рече Каракачанов.

Спасовски и Каракачанов ја потенцираа одличната соработка меѓу двете држави, која ќе продолжи и во наредниот период, напишаа во соопштението од МВР.

притисни ентер