Бабовски: Исплатени 5,5 милиони евра субвенции на 9.146 субјекти за одржување на овошни насади - Канал 5

Бабовски: Исплатени 5,5 милиони евра субвенции на 9.146 субјекти за одржување на овошни насади

Иако на средбите со овоштарите ветивме дека субвенциите ќе бидат исплатени до 30 март, направивме напор да го скратиме времето.

Бабовски: Исплатени 5,5 милиони евра субвенции на 9.146 субјекти за одржување на овошни насади

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР) денеска им исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување насади на вкупно 9.146 производители на јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.

-Иако на средбите со овоштарите ветивме дека субвенциите ќе бидат исплатени до 30 март, направивме напор да го скратиме времето и што побрзо да стигнат до нив средствата кои им се неопходни за изведување на агротехничките мерки во нивните овошни насади, како и за да можат да се подготват за новата реколта, изјави директорот на АФПЗР Николче Бабовски.

Тој посочи дека со денешната исплата се реализирани сите барања што ги имаа производителите на јаболка и потсети дека претходно им беше прифатено барањето за продолжување на мерката за дополнително субвенционирање од три денари по предаден килограм индустриско јаболко до 30 јуни годинава.

-Со тоа се очекува да се откупат дополнителни 30.000 тони јаболка што значи нови 90 милиони денари за производителите. Во новата програма за директни плаќања за 2019 година по препораките од Европската Унија дополнителната субвенција од три денари е трансформирана во нова мерка со која ќе се субвенционира по површина и тоа ќе значи зголемување на субвенцијата од 39.000 на 50.000 денари по хектар, а за подрачја со ограничени можности, односно подрачја што се наоѓаат над 700 метри надморска висина им се даваат дополнителни 15 проценти зголемувања или 57.500 денари по хектар, посочи Бабовски.

Потсети дека во последниот месец е извршена исплата на сметките кај 81.000 субјекти за поледелство, раноградинарство, лозарство и за сточарство со што во земјоделството се вратени 40,5 милиони евра свеж капитал кои фармерите ќе може да ги реинвестираат за своите потреби. Апелираше сите баратели на субвенции да доставуваат целосни и точни податоци и точни трансакциски сметки за да може навреме да бидат исплатени средствата од владините мерки за финансиска поддршка на земјоделството.

-Утре завршува откупот на тутун од реколтата 2018-та и започнува електронската обработка на податоците за произведениот и предаден тутун од оваа реколта. Потоа ќе следи контрола на терен кај откупувачите и во најкраток временски период ќе се исплатат и субвенциите за тутунарите, рече Бабовски и додаде дека тутунарите и понатаму ќе бидат субвенционирани од домашниот Буџет бидејќи станува збор за една од стратешките култури што се произведуваат во земјава и што носат голем девизен прилив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реката Рајна се повлече и откри ужас- остатоци од стар Фијат и човечки коски (ФОТО)

Нискиот водостој на реката Рајна во близина на Бон доведе до извлекување на остатоци од автомобил и човечки коски на површина, соопшти германската полиција, додавајќи дека е започната истрага за да се утврди дали станува збор за кривично дело.

Реката Рајна се повлече и откри ужас- остатоци од стар Фијат и човечки коски (ФОТО)

Остатоците на Фиат 126 ја открила речната противпожарна служба за време на патрола на почетокот на август, а остатоците од возилото биле извлечени од водата неколку недели подоцна, објавува Bildt.Duisburg.

За време на овој процес, отпад и вода се излеале од возилото на брегот, а потоа покрај олупината биле откриени скелетни остатоци.

Викнати се експерти за криминал и форензика за да истражат, но ќе мора да почекаат додека не се утврди дали може да се извлече ДНК од коските, поради што коските биле однесени во Институтот за судска медицина во Келн за понатамошно испитување.

Сè уште не е јасно што се случило со Фиат 126, кој бил произведен помеѓу 1972 и 2000 година, каде што сега е неговиот сопственик и чии остатоци биле пронајдени, но полицијата во Бон ги истражува овие прашања, иако во моментов нема случај на исчезнато лице што би можело да се поврзе со возилото.

„Во овој момент, не можеме да потврдиме дали во овој случај постојат елементи на кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата во Бон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал Пачино и Ентони Хопкинс глумат во филм за Масерати- објавен е трејлерот (ВИДЕО)

Објавен е првиот трејлер за „Масерати: Браќата“, биографска драма за семејството кое го создаде еден од најпознатите италијански марки автомобили. 

Ал Пачино и Ентони Хопкинс глумат во филм за Масерати- објавен е трејлерот (ВИДЕО)

Филмот ја раскажува приказната за почетоците на „Масерати“ и браќата кои го претворија своето име во еден од симболите на италијанската автомобилска индустрија.

Посебно внимание привлекува импресивната екипа. Во филмот глумат Ал Пачино, Ентони Хопкинс, Енди Гарсија и Џесика Алба, додека браќата „Масерати“ ги играат Мишел Мороне, Салваторе Еспозито и Лоренцо Де Мур.

Приказната за браќата кои го создадоа „Масерати“

Филмот го следи подемот на семејството „Масерати“, од скромните автомобилски почетоци до создавањето на бренд кој ќе стане познат низ целиот свет. Во центарот на приказната се браќата „Масерати“, нивната страст кон автомобилите и трките и нивните обиди да се пробијат во тогашниот исклучително опасен свет на автомобилизмот.

„Масерати“ е основана во 1914 година во Болоња, а трките се важен дел од неговиот идентитет уште од самиот почеток. Приказната на филмот, исто така, се осврнува на еден од најголемите успеси на брендот - победата на трката Индијанаполис 500 во 1939 и 1940 година.

Филмот е сниман во Италија, меѓу другите во Модена, Болоња и студијата Чинечита во Рим. Историски автомобили „Мазерати“ од 1920-тите и 1930-тите години се реконструирани за потребите на снимањето.

Ал Пачино и Ентони Хопкинс меѓу големите имиња

Мишел Мороне ги игра Алфиери „Мазерати“, Салваторе Еспозито Биндо и Лоренцо Де Мур Карло. Ал Пачино го игра бизнисменот Винченцо Вакаро, додека Ентони Хопкинс го игра Лука Антонели. Енди Гарсија го игра г-дин Росини, а Џесика Алба ја игра Сандра.

Филмот е режиран од Боби Мореско, кој ја освои наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио за „Краш“, кој го напиша заедно со Пол Хагис. Сценариото за „Масерати: Браќата“ е напишано од Аманда Мореско и Стефано Ториси, а Дајан Ворен напиша оригинална песна за филмот.

YouTube video

Уште еден филм за легендите на италијанската автомобилска индустрија

Продуцентот Андреа Иерволино веќе се занимаваше со приказни за големите имиња на италијанската автомобилска индустрија. Тој го продуцираше филмот од 2022 година „Ламборџини: Човекот зад легендата“, исто така режиран од Боби Мореско, со Френк Грило како Феручо Ламборџини.

Во меѓувреме, беше најавен неговиот проект „Бугати - Генијот“, биографски филм за Еторе Бугати.

Во последниве години, приказните за луѓето што ги создадоа познатите италијански автомобили сè повеќе завршуваа на големото платно. Мајкл Ман го направи Ферари со Адам Драјвер како Енцо Ферари, но тој филм не е дел од продукцискиот циклус на Иерволино.

Американските права за дистрибуција на „Масерати: Браќата“ ги стекна „Магента Лајт Студиос“, додека точниот датум на објавување сè уште не е објавен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенот со Шпанија

Италија објави дека ќе го суспендира својот режим на отворена граница со Шпанија за дополнителни 15 дена, продолжувајќи ги ограничувањата наметнати по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута пред еден месец.

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенот со Шпанија

Суспензијата на Шенгенскиот договор на ЕУ требаше да истече во понеделник. Со тој меѓународен договор потпишан на 14 јуни 1985 година, внатрешните гранични контроли меѓу земјите-членки беа укинати.

Сè уште има илјадници луѓе во Сеута

Одлуката за продолжување на суспензијата „беше донесена поради непроменети фактори што доведоа до повторно воведување на мерките на 1 август“, објави италијанското Министерство за внатрешни работи.

Шпанските власти велат дека меѓу 5.000 и 8.000 луѓе остануваат во Сеута, откако најмалку 72.000 пристигнаа од соседното Мароко на 30 јули.

Најмалку 82 мигранти се пронајдени мртви на шпанската страна од границата, а Мароко потврди уште 14 смртни случаи.

Министерството соопшти дека Италија е свесна за „чекорите што Шпанија веќе ги презеде заедно со Европската Унија за да помогне ситуацијата во областа да се врати во нормала во блиска иднина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер