Џез фестивал, Златно славејче и ОФФЕСТ добиваат средства од министерството за култура

Три милиони денари ќе добие Скопскиот џез фестивал од Министерството за култура.

Иако претходно одбиени, сепак пари ќе има и за „Златно славејче“ како и Оффест.

Ресорното министерство ја објави листата од конкурсот откако претходно беше ревидирана по бурните реакции во јавноста. Па така:

„Златно славејче“ доби 400 илјади денари, од побарани 2 милиони.

На сметка на „Скопскиот џез фестивал“ ќе легнат 3 милиони денари плус еден милион за фестивалот Оффест.

За „Охридско лето“ ќе се одвојат 25 милиони денари, а побарале 50 милиони.

Фестивалот „Макфест“ од побарани 2 ќе добие милион денари.

За Мајските оперски вечери одвоени се 5,9 милиони денари. Културното уметничко здружение „Џезинг арт“ од Тетово за проектот „Џезфест Тетово 2019та“ ќе добие 1,5 милиони денари.

„Д-фестивал“ ќе добие еден милион од побарани 6.

По бурните реакции во јавноста за Годишната програма за национален интерес во културата - премиерот Заев поништи дел од неа.

Заедно со министерот за култура Асаф Адеми на одбиените им овозможија дополнителен рок да достават дополнителни појаснувања и документација, а стручните комисии повторно ги разгледуваа одбиените апликанти.

Утре пак, во законодавниот дом, Комисијата за култура ќе одржи надзорна расправа за политиките и начинот на донесување на програмата.

Годишната програма на министерството под остра критика на јавноста се најде и лани. Тогаш беше обвинувана за селективност и партиски влијанија.

притисни ентер