Фото: Ова е најскапиот автомобил на светот, на Саемот во Женева е продаден за 9,7 мил. евра!!!

„Црниот автомобил“ на Бугати, спортско купе, е продаден на Саемот во Женева за неверојатни 9,7 мипиони евра.

Француската авто-компанија соопштила дека купувачот е „ентузијаст кој го сака Бугати“ .

Медиумите претпоставуваат дека купецот на најскапиот автомобил на светот е 81 годишниот Фердинанд Пих, внукот на Фердинанд Порше, основачот на легендарната спортски марка на автомобили , како и креаторот на „VW- буба“.

Перформансите на овој супер скап спортски автомобил:

1500 коњски сили

Троши 22 литри на 100 километри.

Овој луксузен автомобил е најскапиот автомобил некогаш произведен на светот, а импресиониран е од моделот на „Бугати 57 SC ATLANTIK“.

Според првиот човек на „Бугати“ Стефан Винкелман, „црниот автомобил“ е вистинска комбинација на технологија, естетика и луксуз.

Автомобилот е произведен во чест на 110 роденден на фабриката, има каросерија од карбонски влакна, а под хаубата се наоѓа осумлитарски „W16“, која развива 1500 коњски сили и троши во просек 22 литри на 100 километри.

Од 1936 до 1938 година произведени се само четири модела на Бугати „57 SC atlantik",кои послужиле како пример за производство на најновиот модел.Модниот дизајнер Ралф Лорен е сопственик на последниот произведен примерок од овој модел на Бугати , кој и понатаму е во возна состојба.

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

притисни ентер