Научниците открија колку тежи нашата галаксија

Како резултат на соработка меѓу НАСА и ЕСА , односно податоците собрани со помош на вселенскиот телескоп Хабл и вселенската опсерваторија Гаја , научниците најпрецизно до сега ја измерија масата на нашата галаксија.

Научниците со помош на податоците пресметале колкава е тежината на сите небесни тела што се дел од Млечниот пат. Комбинирајќи ги податоците од опсерваториајта и вселенското летало , научниците на НАСА и на ЕСА дошле до податок дека масата на Млечниот пат се движи меѓу 500 милијарди и 3 трилиона соларни маси.

Соларна или Сончева маса е стандардна астрономска единица мерка со која се означува масата на Сонцето .

Така , масата на Сонцето е 332 946 пати поголемо од масата на Земјата или 1049 пати поголема од масата на Јупитер. Големата разлика од 500 милијарди до 3 трилиони соларни маси се должи на употреба на различни методи , користени за мерење на темната материја , која претставува околу 90 % од масата на галаксијата.

,,Работата е во тоа што не можеме директно да ја видиме темната материја. Поради тоа не можевме со сигурност да тврдиме колку изнесува масата на Млечниот пат. Значи , не може да се пресмете колку тежи нешто што не може да се види.” , вели астрономот Лаура Ваткинс од European Southern Observatory.

Како се крши скап Мерцедес на излез од автоперална? (ВИДЕО)

Секој не може да вози голем и скап автомобил , а тоа го докажа една жена зад воланот на скап Мерцедес.

На социјалните мрежи се појави снимка , која е тешко да се гледа. Една Американка при излегувањето од автопералната требало да сверти налево кон излезот.

Таа не само што не ја забележала големата стрелка , што ја упатувала каде да сврти , туку не го виде ниту бетонскиот ѕид пред неа. Кога излезе од автомобилот и виде што направила, се фати за глава.

Водителот на Евросонг во страстна прегратка со својот сопруг (ФОТО)

Зад сцената на Евросонг во Тел Авив водителот Аси Азар беше снимен како се бакнува со својот партнер Алберт Ескола.

Двајцата се во брак од 2016. и не ја кријат својата љубов,па Алберт на Инстаграм ја објави фотографијата од страстниот бакнеж зад сцената.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Always here, to support you! 😘 You nailed babe 👌🏻 pic by @shovalxxx

A post shared by Albert Escola Benet 😘 (@albertescola) on

,,Секогаш сум тука за да те поддржа. Растури , миличок.”,  напиша Алберт.

Аси , инаку е еден од јавните личности во Израел кој отворено призна дека е хомосексуалец , а неодамна објави и дека својот хонорар од водењето на Евросонг ќе го донира во организацијата Israeli Gay Youth.

Необична сина светлина ги преплаши жителите на град во Австралија (ВИДЕО)

Над австралискиот град Алис Спрингс ноќеска е забележана необична светлост , која ги преплаши жителите.

Полицијата во Алис Спрингс примила повици за помош за појава на невообичаена сина светлина и силен звук. Откако ги прегледале камерите, сфатиле дека станува збор за метеор.

Истата глетка била снимена и на 500 километри подалеку, во местото Тенант Крик.

,, Во Алис Спрингс градот беше осветлен среде ноќ како да еден.” велат граѓаните и досаваат дека целиот феномен траел околу пет секунди , а се слушал и звук како при земјотрес.

притисни ентер