Фени станува Еуроникел Индустри, се спроведува реорганизација

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев денеска ја посетија фабриката Еуроникел Индустри во Кавадарци, порано позната како Фени Индустри. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Чичко ги врзал за дрво и претепувал своите внуци, едното е дете со посебни потреби

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете.

Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 година прифатил доверена обврска од мајката на децата, да ги надгледува додека таа била отсутна. Но, тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира доверените деца. Истиот ден, околу 12.30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата 5-годишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие. Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички – удирајќи ја по лицето и нозете.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Бројот на заразени со корона во САД надмина 7 милиони

Бројот на заразени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, повеќе од 20 проценти од вкупниот број заразени во светот, додека во септември растот на бројот на заразени бил најголем во средниот запад на државата.

Пред неколку дена, бројот на починати од коронавирус во САД надмина 200.000. Повеќе од 700 луѓе умираат од коронавирус секој ден во таа земја. Најголем број случаи има во Калифорнија, повеќе од 800.000, а по неа се Тексас, Флорида и Њујорк.

Државите на средниот запад, со исклучок на Охајо, забележале повеќе случаи во последните четири недели отколку во претходниот период, со најголеми зголемувања во Северна и Јужна Дакота.

Според анализата на Ројтерс, стапката на раст на потврдени случаи е зголемена во повеќе од половина од 50-те американски држави овој месец. Рекорден број на луѓе биле заразени дневно во септември во десет земји.

Бројот на нови инфекции се зголемил минатата недела, откако паѓал осум недели по ред. Експертите сметаат дека зголемувањето се должи на отворањето на училиштата и универзитетите и собирите за Денот на трудот.

Во моментов, САД бележат просечно 40 000 нови случаи на ден, а главниот специјалист за инфективни болести на американската администрација, др. Ентони Фаучи рече дека би сакал да види оваа бројка да падне под 10 000 до почетокот на сезоната на грип во октомври.

Педофил од Хрватска десет пати нападнал девојче во близина на училиштето

Општинското државно правобранителство во Копривница покрена обвинение против 40-годишен педофил за кого било откриено дека десет пати извршил полов напад врз девојче во основно училиште и дека и праќал порнографски слики скоро една година.

„По истрагата, општинското државно обвинителство во Копривница поднесе обвинение пред општинскиот суд во Копривница против хрватски државјанин (1980) за сторени десет кривични дела сексуално злоставување врз дете на возраст под петнаесет години според член 158 став 1 и став. 2. од Кривичниот законик и кривично дело воведување деца во порнографија според член 165 став 1 од КЗ (24.09. 2020)

Обвинетиот 40-годишник е обвинет за сторено кривично дело сексуално злоставување на штета на дете во десет наврати од мај 2019 година до февруари 2020 година во Копривница и на паркинг на основното училиште во град во близина на Копривница, и тоа од јуни 2019 до март 2020 година, а тој му испраќал и фотографии со порнографска содржина на истото дете преку социјалните мрежи “, соопшти општинското државно обвинителство на Копривница.

притисни ентер