Рикер: Северна Македонија сега е на вистинското место во Европа и НАТО

Историскиот Преспански договор го отвори патот Северна Македонија да стане 30-та членка на Алијансата и да ја забрза нејзината европска интеграција. Земјата сега е на вистинското место во Европа и во НАТО.

Ова го изјави денеска поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, во обраќањето на тема „Економскиот развој и регионалните односи во Југоисточна Европа" во рамки на проектот „Балкан 360", во организација на Германскиот Маршалов фонд.

Рикер, кој во моментот ја извршува функцијата политички советник на командантот на Европската воена команда на Воените сили на САД, се осврна на клучните предизвици на западнобалканските држави и на американската поддршка во напорите на овие земји да станат дел од Европа.

– Како поранешен офицер за односи со јавност и подоцна американски амбасадор во Скопје пресреќен сум што сум тука. Особено е значајна мојата посета сега, бидејќи Северна Македонија презеде чекор напред кон нејзиното вистинско место во Европа и НАТО. Како што знаете се враќам во Вашингтон за некоку недели да застанам на чело на Бирото за европски евроазиски прашања како помошник државен секретар, рече Рикер.

Рикер оцени дека 27 години заемната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот на земјата напред.

– Од мое лично искуство можам да ви кажам дека ова прашање беше исклучително комплексно и многумина го сметаа неподносливо. Да се дојде до оваа точка не беше лесно. Лидерите повеќепати сакаа да се откажат од процесот и да одат напред. Успехот на Преспанскиот договор е доказ дека со посветената работа и компромис може да се постигне решение и за тоа е клучно лидерството, рече Рикер.

Посочи дека грчкиот премиер Алексис Ципрас и премиерот Зоран Заев, како и шефовите на дипломатиите на двете земји се заслужни за ова историско постигнување и верува дека и останатите лидери на Западен Балкан ќе земат пример од ова искуство.

– Тоа докажува дека длабоко вкоренети историски конфликти може да се надминат. Сите треба да замислиме каква може да изгледа иднината на Западен Балкан доколку лидерите во регионот градат врз мментумот на овој историски успех и да постигнат слични компромси и помирувања, истакна Рикер.

Посочи дека Европа денес е центар на геополитички натпревар и оти Москва во изминатите години се обидуваше насилно да ги прецрта границите во источна Европа вршејќи притисок врз соседите, спроведувајќи кампања на дезинформации и мешање против Западот, додавајќи и оти ги јакнела воените капацитети на нејзините граници.

– САД и Европа мора да работат заедно за да обезбедат Западот да остане најатрактивниот модел за модерни и слободни општества. Во земјите што го одбраа западниот пат ние ќе продолжиме да даваме поддршка за да ги забрзаме демократските реформи со цел да можеме да ги вклучиме кон нациите на западната заедница, рече Рикер.

Во оваа смисла, посочи, САД ќе продолжат да даваат поддршка на аспирациите на сите земји од Западен Балкан со цел тие да обезбедат членство во ЕУ и, како што кажа, тоа не е поради „добрината на нашите срца, но бидејќи тоа е стратешки интерес на САД да има мир, просперитет и стабилност во Европа".

– Ние мора да останеме фокусирани за да ги забрзаме целите на потранспарентни влади, владеење на правото, слобода на медиуми. Овие столбови се важни за поголем отпор на штетните влијанија однадвор што сакаат да ги остават западнобалканските земји разделени и ранливи. Клучот за трансформацијата во овие земји се лидерството, храброста, визијата и волјата да се преземат политички ризици. Историскиот договор од Преспа е одличен пример за сето тоа, подвлече Рикер.

Идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања повтори дека САД го поддржуваат членството во ЕУ на сите земји на Западен Балкан како и членството во НАТО на оние што го сакаат тоа.

– Нашата надеж за вашата иднина е стабилен Балкан што е во линија со нашите заеднички вредности, целосно интегриран во западните институции и отпорен на дестабилизација и штетни влијанија однадвор. Западниот Балкан презеде значителни чекори напред во изминатите години со историскиот Преспански договор, членството на Хрватска во ЕУ, отворањето пристапни преговори со Србија и со Црна Гора, како и членстовто во НАТО на Хрватска, Црна Гора и Албанија заедно со Северна Македонија која што е на пат кон нејзино полноправно членство, рече Рикер.

Истакна дека стабилноста и просперитетот се постигнуваат низ напорна работа и посветеност на реформите. – Овој регион е испреплетен со историја, култура и геополитика. Затоа треба да работи заедно како соседи и да се најдат решенија, заклучи Филип Рикер.

Тој попладне ќе има средба со премиерот Зоран Заев по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Рикер претпладнето се сретна со шефот на дипломатијата Никола Димитров, а предвидени е средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и работен ручек со вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи.

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

Како до празнична трпеза без да се оптовари домашниот буџет?

Како наближуваат велигденските и првомајските празни, така растат и цените на овошјето и зеленчук, јагнешкото месо.  

Канал 5 напарви обиколка на еден скопски пазар, но и во дел од месарите, каде засега единствено велат поскпаено е само јагнешкото месо. Поразговаравме и со дел од пазарџиите. Ако до вчера килограм краставица на скопските пазари можеше да се најде и за 50 денари килограм, денеска цената е повисока за 10 денари, од 5 до 10 денари има промени и кај доматот, компирот, салатите. Дел од пазарџиите велат можно е цените да растат и во следните денови.

„Некоја роба има разлика, но не верувам да се качи пред Велгиденот, може да се качи ама нема народ пари. 5 10 денари не е страшно, вчера беше краставицата 50 сега 60 денари. Доматот 100. Немаат граѓаните пари, со минимланна плата не може да искочи на крај со ова. “--изјави, трговец на пазар.

Граѓаните ги прават последните подготовки пред празниците, тие викендов се растрчаа по пазарите да купат по некое овошје и зеленчук, но велат не можат многу да си дозволат бидејќи цените постојано растат. Во зависност од домашниот буџет и цените на производите трпезата годиава ќе биде велат поскромна.

„Се спремаме и за велигден и за мај... Се знае дека се е поскапено, ќе биде малце исто ама посиромашно...“

„За некоја нијасна поскапено е да... “

„Секогаш има, секогаш имало или ќе има. Ако не многу од се помалку и пак ќе има....“

„Има и поскпаување и поевтинување негде има... Послаба ќе биде ама ....“

Досега цената на јагнешкото месо за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Дел од сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.

притисни ентер