Не му е одземен имунитетот на Вељаноски, за сега нема да оди во притвор

Комисијата за мандатно имунитетни прашања , по дводневна седница гласаше со 4: 4 гласа , така што на Трајко Велјаноски нема верднаш да му биде одземен пратеничкиот имунитет.

Членовите на Собраниската комисија вечерва гласаа со изедначен број гласови за одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ , Трајко Велјаноски , поранешен претседател на Собранието.

„Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече претседателот на киомисијата Павле Богоевски.

Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.

Во моментот на гласањето вечерва не беше присутен пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Притворот за Велјаноски го побара судија за претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните на 27 април 2017 , за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Риствоски.

На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор , а Ристовски останува во затворот во Шутка.

Курц: Секој трет Австриец може неделава да ја добие првата доза на вакцината

Секој трет Австриец кој сака да се вакцинира против коронавирус треба да ја прими првата доза до крајот на неделава, изјави канцеларот Себастијан Курц.

„Ги преминуваме последните метри до победата над пандемијата“, рече денеска Курц во Виена, додавајќи дека некои провинции наскоро ќе завршат со вакцинирање на лицата над 65 години.

Досега 1,6 милиони жители ја примиле првата доза на вакцината, според владините податоци.Околу 5 милиони луѓе од вкупно 7,5 милиони постари од 16 години изразиле желба да бидат вакцинирани.

Стапката на инциденца за седум дена, бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на Австрија во текот на неделата е околу 210.

Курц рече дека сегашната состојба со новите инфекции е стабилна. Треба да се преземат чекори за отворање на земјата најдоцна до мај, рече тој, додавајќи дека ќе се отворат рестораните и ќе се овозможат спортски и културни настани.

Виена и Долна Австрија се во карантин од 1 април, веројатно до 2 мај, поради притисокот врз болниците. Бургенланд, на границата со Унгарија, планира да ги отвори продавниците и услугите следната недела. Во другите шест провинции, продавниците се отворени од 8 февруари.

Рашковски заминува од Владата, Заев ја прифатил оставката

По притисокот од јавноста поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски заминува од Владата.

Заев ја прифатил неговата оставка од функцијата секретар во кабинетот на премиерот...

По еден месец од избивањето на скандалот со спорниот софтвер за сообраќајни прекршоци, Драги Рашковски си замина од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите на Владата. Во писмото поднесено на 12-ти април, адресирано до премиерот Зоран Заев, кој експресно ја прифати оставката, Рашковски наведува дека причините за повлекувањето се поврзани со зачувување на неговото достоинство и интегритет. Фотографијата од писмената оставка тој утринава ја објави на Фејсбук, над која напиша дека бил мета на лажни вести и ги повика институциите да ја проверат вистината.

Повеќе детали од Михаела Димовска..

Поради короната, значително скокна испораката на компјутери во светот

Глобалните испораки на компјутери се зголемиле во првиот квартал со најбрзо темпо во последните две децении, бидејќи бројни влади во корона кризата организираа часови преку Интернет, покажува истражувањето на Гартнер.

Испратени се вкупно 69,9 милиони компјутери и лаптопи во првите три месеци од оваа година, што е за 32% повеќе од истиот период минатата година.

Кинескиот „Леново“ зазеде водечка позиција на пазарот со удел од 25,1 процент, по што следат „HP“, „Dell Technologies“, „Apple“ и „Acer“, се вели во извештајот.

Во Гартнер, посочуваат дека скокот во испораките треба да се гледа низ призмата на минатогодишните ограничувања поради пандемијата и недостигот на чипови.

„Да немаше хаос во испораките на почетокот на 2020 година, растот во овој квартал можеше да биде помал“, рече директорот за истражувања на Гартнер, Микако Китагава.

Компанијата ја издвоила и тројната побарувачка за Google’s Chromebook во првиот квартал благодарение на силната побарувачка од образовните институции во Северна Америка. Chromebook не е вклучен во анализата.

„Сè уште укажува на заклучок дека побарувачката за компјутери може да остане силна дури и по ублажувањето на ограничувањата“, забележуваат во Гартнер.

Бранот на побарувачка, поттикнат од коронавирусот и невидениот недостиг на полупроводници создадоа силен притисок врз ланецот на снабдување.

Во првата фаза, недостатокот на чипови ја погоди автомобилската индустрија, а сега влијае и на производството на електроника и бела техника, вклучувајќи паметни телефони, фрижидери и микробранови печки.

притисни ентер