Народниот правобранител веќе отворил предмет за инцидентот во затворот ,,Шутка”

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни само со оставката на директорот Котевски... Сметаат дека станува збор за обид да се забошоти случајот и бараат одговорност и од премиерот Заев и од министерката за правда Дескоска.

Брза разрешница, конкретна реакција од надлежните институции, одговорност од министрите за внатрешни и правда, Спасовски и Дескоска за физичката пресметка во Шутка, бараат од најголемата опозициска партија и од независната претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата на Мицкоски, од каде бараат одговорност да понесе и премеирот Зоран Заев, порачуваат дека оставката на директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари не смее да биде замачкување на случајот, ниту пак заемна за сериозна истрага.

Неазвисните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ побараат домашен притвор за поранешните министри Јанакиески и Ристовски. А на Мицкоски му порачааа да не прави шоуа пред болниците, туку да сфати дека има поважни работи во државата од сликање и давање драматични изјави.

Создавањето тензии и насилничките сценарија во обид да се дефокусира јавноста од фактот дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад крвавиот четврток се едниствените политики на антинародниот Мицкоски и неговиот шеф Груевски, регираа од валдејачката СДСМ. Оттаму го повикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се извини за изнесените лаги и за провидниот театар пред болницата 8-ми Септември.

Вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари ќе го истражува и Народниот правобранител. Обдусманот алармира на лош безбедносен систем во затворите. Очекува надлежните органи да го расчистат настанот и да утврдат дали припадниците на затворската полиција и другите служби соодветно реагирале.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер