За викендот постудено за 10 до 15 степени, со снег и ветер

Локални врнежи од дожд во петок и значително намалување на температурите за 10 до 15 степени целзиусови од викендот, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места.

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога на места ќе достигнува до 80 км/час. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени.

Виенски бал бал во Скопје - гламур и хуманост за малиот Леонид Индов

Синоќа во Скопје се одржа традиционалниот Виенски бал. Ова беше хуманитарен настан во рамки на кој се одбележа виенската култура…

Црвен ќилим, насмевки и елеганција во движење. Скопје синоќа живееше во духот на Виена, на 23-то издание на Виенскиот бал. Како што доликува на една ваква манифестација, присутните го испочитуваа задолжителниот дрес код. Дамите блеснаа во свечени долги тоалети, а господата во смокинг, темно одело или униформа.

Уште пред самиот почеток, гостите беа пречекани од звуците на класичната музика и имаа можност да се дружат меѓусебно и да наздрават со чаша вино. Балот годинава, како и лани, помина во знакот на хуманоста. Гостите на своите маси имаа флаери, преку кои се повикуваше на донација за лекување на младиот Леонид Индов, кој минатото лето доживеа тешка повреда на летување во Грција.

Водителка на настанот беше некогашната мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, а по завршувањето на протоколарниот дел и поздравните говори на организаторите и дел од поддржувачите, започна да музицира оркестарот „Јохан Штраус“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Свој настап имаа и првенците на Балетот од Националната опера и балет и танчарите на танцовиот клуб „Прима данца“.

Гостите не ја криеја насмевката и задоволството од целата организација на овој настан. Видно задоволни, уживаа во класичната музика, но и добрата храна и квалитетно вино.

„Во Виена имаме речиси половина година стотина балови. Тоа е забава, уживање и култура. Мислам дека Македонија и Скопје и луѓето овде, тоа го заслужиле. Организацијата е одлична. Мене ми е чест што првпат дел од оваа организација. Тоа е нешто што се развива од година во година. Секоја година нешто ново, и се надевам дека следната година повеќе луѓе ќе танцуваат“

„Мислам дека е многу убав настан, кој го поврзува Скопје со Виена. Ова е еден убав и културен настан, каде може да се слушне музиката од Австрија и традицијата на Виенскиот бал. Многу сум изненадена од организацијата. Премногу добро е се организирано, и не мислев дека може да биде вака професионално поставено. Се чувствувам како да сум во Виена. Сите танцувачи се професионални, музичарите се одлични. “

Виенскиот бал во Скопје, и оваа година ја потврди македонско-австриската соработка на поле на културата и уметноста и уште еднаш ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот.

Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести денеска во Кабинетот на претседателот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја презеде функцијата Претседател.

По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на претседателот.

На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.

Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава, се наведува во соопштението.

Проблеми за земјоделците – лош е откупот на пролетната зелка

Катастрофална е состојбата со откупот на пролетните зелки годинава. 

Годинава е катастофална состојбата со откупот на пролетната зелката. Во струмичкиото регион каде и најмногу се сади оваа култура секоја втора нива стои со неоткупени зелки кои скапуваат.

Во време кога во светот борбата за храна е се поголема во земјава скапуваат и пропаѓаат илјадници тони на свежа храна во која е инвестиорано од земјоделците и со мака и труд е сработено за на крајот да гледаат како пропаѓа оваа храна.

Причината за слабиот откуп е тоа што секаде во регионите каде извезуваме, годинава заради топлата пролет се роди зелка во големи количини. Проблемите со откупот уште на почетокот може да се насетат кога за само неколку дена од 30 денари откупната цена падна на 15 па на 12 и на крајот најдолг период да се задржи на 8 денари за килограм со најави дека ќе оди и до 6 денари за килорам. Со тие пари земјоделците намаат сметка да ги платат аргатите за берба а камоли да ги извадат вложените пари заради што и се одлучуваат да ја остават да скапува по нивите.

Вакви проблеми со откупот имаше и пред две години па како и тогаш така и сега од министерството за земјдоелство најавија дека ќе доплатат одредена сума од интервентиот фонд за да им се помогне на земјоделците.

Но апелот од земјоделците е да се одбере правилен модел при доделувањето на помошта бидејќи ако се оди како преклани со надополна од неколку денари на откупената зелка тогаш нема да бидат опфатени околу 60 до 70% од земјоделците на кои зелката им остана по нивите. Пролетаната зелка во струмичкиот регион секоја година ја има се повеќе како излезно решение да не остануваат нивите празни бидејќи производителите имаат сериозни проблеми со конкурентноста и увозот по дампинг цени на домати и краставици од соседна Албанија.

притисни ентер