Фото: НБА Ол Стар викенд во Шарлот

Утрово во Шарлот започна популарниот викенд на сите ѕвезди во НБА лигата. 

Првиот меч на годинешниот Ол Стар во Шарлот го одиграа „Ѕвездите во подем“ најдобрите млади кошаркари во НБА поделени во тим на Светот и тим на Америка.

На овој дуел учествуваа само кошаркари кој се дебитанти  или кошаркари кој ја играат втората сезона во НБА-софмори.

Селекцијата на САД  во дуелот на ѕвездите во подем го победи тимот на Светот со 161-144.

На дуелот на најдобрите млади кошаркари видовме многу забивања и погодени тројки, а најатрактивни беа Кузма во тимот на САД и Симонс во екипата на Светот.

Токму младиот Кајл Кузма ја освои наградата за најкорисен кошаркар МВП, инаку најефикасни кошаркарина мечот ба Тејтум со 30 во тимот на САД и Симонс со 28 поени кај Светот.

На овој меч видовме и тројца кошаркари од Балканот, Чеди Осман, Богдан Богдановиќ и Луа Дончиќ.

Видео: „Волшебникот“ Меси повторно тренира

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси повторно е во тренажен процес во кампот на Барселона.

Капитенот на Барса поради повреда на листот на ногата пропушти неколку тренизи, но сега е подготвен за нови успеси на зелениот терен.

Меси се врати на тренинг и веднаш започна со својата магија, да игра во голем стил како да немал повреда на ногата. По секој потег можеше да се забележи колку му недостасувала буба марата .

Фановите на Барселона велат дека нивниот миленик е подготвен да ги „тероризира“ одбраните на противничките екипи.

Реал понудил 100 милиони евра плус три фудбалери за Нејмар, но ПСЖ рекол не!!

Фудбалско лудило, најважната споредна работа на светот фудбалот дефинитивно веќе не е тоа што беше. Фудбалот веќе е голем бизнис во кој се вртат астрономски суми на пари.

Шпанскиот гигант Реал Мадрид со понуда за Нејмар се обиде да направи нов хаос на фудбалската берза.

Кралевите од Мадрид во желба да го ангажираат Бразилецот Нејмар на францускиот шампион Пари Сен Жермен му понудија 100 милиони евра плус жители на градост на светлоста да станат  фудбалерите Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас, но од Париз пристигна едно големо „НЕ“ за оваа понуда.

ПСЖ веќе одби вакви слични понуди од Барселона и Јувентус, а крајот на преодниот рок е се поблиску.

Според последните случувања незадоволниот Нејмар најверојатно и следната сезона ќе остане на Паркот на принцовите .

Тренерот на популарните светци Томас Тухел веќе изјави дека Нејмар ќе биде подготвен за дуелот со Тулуз.

Роналдо :Следната година би можел да ја завршам кариерата

Ѕвездата на Јувентус зборуваше за својата иднина и спомна дека би можел да се пензионира веќе следната сезона.

Но , тој не ја исклучи ниту можноста да игра се до своите четириесетти. Роналдо , кој сега има 34 години и минатата сезона играше на јависоко ниво, откако со реал освои се што можеше да се освои. Португалецот постигна 28 гола на 43 натпревари и го однесе Јувентус до титулата првак на Италија.

„Не размислувам за тоа. Можеби ќе ја прекинам кариерата следната сезона, и можеби ќе играм на возраст од 40 или 41 година“, изјави Роналдо за ТВИ во вторникот, додавајќи:

„Не знам. Она што можам да кажам е дека сè уште уживам во фудбалот и морам да продолжам.“

Договорот на Роналдо со Јувентус трае до 2022 година, а освен многуте трофеи освоени со Манчестер Јунајтед и Реал, Роналдо сака да биде најдобар и во поединечна категорија. Натпреварувањето со другите играчи е нешто што го тера да се подобрува секоја година.

притисни ентер