Од неговиот кабинет велат дека тој го поздравил развојот на настаните, со кој се решава долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина и ги повикал сите земји членки да ги поддржат историските чекори преземени од двете земји. Од ООН најавија дека за новото име ќе бидат информирани Советот за безбедност и Генералното собрание.
Гутереш го поздравува овој развој со кој се решава долготрајниот спор помеѓу Атина и Скопје и покажува дека дури и навидум нерешливите прашања можат да се решат преку дијалог и политичка волја“
Од МНР велат дека процесот за известување на сите меѓународни организации е во тек и очекуваат тој да заврши во најбрз можен рок. Во меѓувреме, Република Северна Македонија веќе започна да се применува во внатрешниот поредок. Државните институции имаат рок до утре да ги променат сите дигитални записи логоа, меморандуми и веб страни, и рок од две недели за промена на печатените материјали.
Прва која започна да го применува новото име беше владата, Република Северна Македонија се применува внатре во зградата, но пред неа се уште не е поставена ознака или табла која го означува новото име на државата.
Рокот за тоа е 4 месеци, односно табли и ознаки пред институциите на државно и локално ниво ќе бидат поставени откако генералниот секретаријат во Владата ќе изготви книга на графички стандарди за визуелен приказ на новото име и софтвер кој ќе ги содржи сите институции. Денеска промена со новото име на официјалните веб сајт и на социјалните мрежи, направи и МВР.