Џафери: Го цениме пријателството и поддршката од Албанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонја, Талат Џафери, изрази голема благодарност за подршката што Албанија и ја дава за земјата.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонја, Талат Џафери, по изгласувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО во албанскиот Парламент, со 130 гласови „за", ниту еден против, изрази голема благодарност за подршката што Албанија и ја дава за земјата.

Спикерот Џафери рече дека Скопје е посветено на градење општество за сите, без оглед на етничката, социјалната или каква било друга припадност.

-Ние работиме напорно за да направиме реформи во сите сфери на општествениот живот и тој процес воопшто не е лесен. Нашата цел е вистинска демократска држава и владеење на правото, функционални институции кои им служат на граѓаните, затоа работиме со посветеност. Се фокусиравме максимално на затворањето на прашањата што го отежнување нашиот пат кон постигнување на стратешките цели, полноправно членство во НАТО и во ЕУ. Потпишавме договор за пријателство и добарсоседство со Република Бугарија, потпишавме финален договор за решавање на спорот околу името со Грција. Ги донесовме уставните измени, што не беше воопшто лесно и предизвикаа протести од двете страни. Победи визијата и храброста на парламентарното мнозинство. Победи визијата за безбедна иднина и победија нашите граѓани. Секогаш ни биле блиску вистинските пријатели и партнери и ние сме благодарни за тоа, изјави Џафери.

Тој рече дека се надева оти до крајот на оваа или почетокот на 2020 година, Протоколот за полноправно членство во НАТО, потпишан од сите 29 амбасадори на земјите-членки, ќе биде ратификуван од сите национални парламенти, со Република Северна Македонија ќе стане и официјално 30-та членка.

-Со денешната ратификација Република Албанија и албанскиот народ уште еднаш го потврдија пријателскиот однос кон Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Бидете сигурни дека секогаш ќе се сеќаваме на ова и секогаш сме знаеле да ги почитуваме и ги цениме нашите вистински пријатели, истакна Џафери.

На седницата се обрати и премерот Еди Рама, кој високо ги оцени односите меѓу двете земји и ја нагласи подршката на Тирана за Скопје.

-Не можам да го сокријам задоволство што овој момент се совпаѓа со златен момент во меѓуетничките односи во земјата,во што владејачко мнозинство игра важна улога. Без Албанците не би постоела Северна Македонија, а за Албанија територијалниот идентитет на Северна Македонија не само што е неприкосновен, туку е од витално значење и за нашата сегашност и за нашата иднина, мирот и стабилноста. Нашата улога во овој историски процес беше поддршката. Мирната ситуација е првенствено заслуга на албанските политички лидери таму и премиерот визионер Зоран Заев, кого го поздравувам, рече меѓу другото Рама.

Сепак, седнцата ја засени инцидентот, кога пратеникот од пратеничката група на опозициската Демократска партија Еди Палока, воедно и потпретседател на партјата, истури боја врз премиерот Еди Рама, по што беше отстранет од собраниската сала.

Инцидентот следуваше откако премиерот Рама му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата" отколку за Протоколот за членство во НАТО, велејќи му „дете, не знае што прави и што зборува" дека не е момент ни поради трагедијата во Македонија, ни поради знаењето на точката на дневен ред. Рама му се извини и на Талат Џафери кој присуствува на седницата. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер