Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота

Министерството за надворешни работи на Грција, попладнево ја испрати Вербалната нота до македонското МНР, потврдуваат грчки дипломатски извори.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во неделата, во интервјуто за АНА-МПА најави дека Нотата ќе биде испратена во понеделник, но откако тоа не се случи вчера, како што претходно објави МИА, грчки извори претпладнево брифираа дека Атина во текот на денешниот ден, до вечер, ќе го извести Скопје дека ги заврши обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа, односно дека ги ратификуваше и договорот и Протоколот за членство во НАТО. /MИА

Владата одобри зголемување на буџетот за поддршка на иновациите на компаниите за 12 пати

Владата донесе одлука за давање согласност на „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година".

Со предложените измени, информираат од владината прес-служба, се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од Планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање на проекти во рамки на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170 – 200 компании (зависно од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување на ко-финансирање) од пристигнатите 487 апликации.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании, се наведува во соопштението, е нешто над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, додека 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е пет милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува за речиси 12 пати.

САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Сенатот на САД вечерва со 91 глас за и 2 против ,го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WEARENATO, напиша Пендаровски.

Уште четири земји остануваат да го ратификуваат Протоколот за земајва  и официјално да стане членка на НАТО.

Владата ги утврди законските измени за зголемување на минималната плата

Владата денеска во рамки на 160. седница го утврди Предлог  Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Македонија.

Со измените се создаваат услови за корекција на минималната плата за 16 отсто, односно од 12.507 денари на 14.500 денари во нето износ со исплатата на платата за декември 2019 година, што претставува зголемување за речиси 60 отсто во однос на минималната плата пред првата корекција во 2017 година. 

притисни ентер