Привремениот шеф на Пентагон во изненадувачка посета на Авганистан!

Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шехенен стигнал во изненадувачка посета на Кабул, Авганистан.

Привремениот шеф на Пентагон пристигнал во кабул со намера да ја процени моменталната состојба  во Авганистан, поради тоа што американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја повлече војската по 17 години војна.

Патрик Шехен за време на престојот во Кабул ќе оствари средба со претседателот на Авганистан Ашраф Гениј и командантот на американските здружени сили, генерал Скот ;Милер.

Посетата на првиот човек на Пентагон се поклопува со мировните преговори иницирани од САД меѓу авганистанските власти и Талибанците.

„Значајно е авганистанската влада да биде вклучена во преговорите кои се однесуваат на иднината на земјата. САД вложија многу во безбедноста на оваа земја, но, самите Авганистанци треба да одлучат за својата судбина“, истакна Шехенен.

Но, Талибанците одбиваат да преговараат со владата која според нив е „марионета“ на Американците.  

Заев: Имаме докази и одлуки за затворски казни

Единствената калкулација им е да стигнат повторно на власт за да докрадат тоа што не докрадија, а велат дека се сега новодојдени од ВМРО-ДПМНЕ и за да „штанцаат" аболиции и амнестии на бандитите и криминалците.

Но, со Стево Пендаровски ќе има правда, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп.

Тој истакна дека ветува дека колку и да е независен судскиот систем, мора да носи пресуди, да носи одлуки.

– А паднаа одлуки во тешки времиња кога се преговараше во Парламентот за двотретинско мнозинство. Паднаа и паѓаат одлуки. Имаме одлуки на првостепени судови, имаме и правосилни одлуки за кривични дела затворски казни, потврдени од Апелација. И ќе има одлуки, зашто има докази. Ќе види цела Македонија, а и ќе види целиот свет, зашто постојат и материјални и аудио докази. Сите го знаат тоа. И ќе нема застанување, зашто тоа е ставање ред и поредок, владеење на правото, законот да важи еднакво за сите. И ќе важи, нагласи Заев.

Мицкоски во Охрид : Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Охрид каде што ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

На состанокот Мицкоски на граѓаните им посочи дека на 21 април граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот.

Милиметри ни требаат, водевме на претседателските избори, и многу блиску сме да имаме градоначалник во Охрид. Милиметри ни фалат. Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар. Деспотот е на колена и сите него случи се на колена, нагласи Мицкоски пред граѓаните во Охрид.

Мицкоски пред толпа народот потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ само ги победи и тоа со голема разлика, што треба да биде дополнителна мотивација и за вториот круг, да се докаже дека правдината веќе е на портите, а заевизмот си заминува.

Денес во Охрид, одев од куќа на куќа, и разговарав со луѓето и ги замолив да ни дадат поддршка, додаде Мицкоски.

Време е граѓаните со нивниот глас да го поразат Заев, но и неговата копија наречена Стево Пендаровски. Граѓаните да стават крај на заевизмот, и на 5-ти мај да гласаат за право и правдина, се наведува во партиското соопштение.

Заев: Повикувам на итна одговорност од секој што направил непотизам

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп повика на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните.

Само така, посочи, ќе ја средуваме државата и никако поинаку.

– Еве ги денеска одлуките, директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна, додаде Заев.

притисни ентер