Се полни прилепското езеро за наводнување, ќе се обновува испустот на бараната

До април водостопанското претпријатие „Прилепско поле" очекува да се наполни прилепското вештачко езеро за наводнување на површините, главно, со тутун.

Според Ѕвонко Талески, раководител на водостопанското претпријатие „Прилепско поле" во моментов интензивно се полни акумулацијата. Од максималниот капацитет од шест милиони кубни метри вода, има 550 000.

– Моментално, во вештачкото прилепското езеро има акумулирани окмолу 550 000 метри кубни вода и секојдневно интензивно се зголемува. Анализите и искуствата досега покажуват дека во февруари, март и април се зголемува дотокот на вода. Се надеваме дека ќе имаме успешна сезона за наводнување. Од искуство, прелевањето во акумулацијата е во април. Нашиот интерес е да акумулираме што повеќе вода, да има задоволни корисници и да имаме ефективна наплата на услугите за користењето вода за наводнување. Максималниот капацитет на езерото е шест милиони метри кубни вода. Доколку хидролошките услови се како лани, очекуваме во април, објаснува Талески.

На браната и претстои проект за осовременување на испустот на вода. Проектот, грант од девет милиони денари од УНДП во 2018 година се одложува за наесен, во октомври, откако ќе заврши сезоната на наводнување за да не им биде пречка на корисниците.

– Испустот е горлив, повеќегодишен проблем од круцијално значење за градот. Требало да се реши од поодамна, уште кога хидросистемот бил во рамки на Тутунскиот комбинат. Со години се подготвувал проектот кој се ревидирал 2017 година, зашто проблем било финансирањето. Сега, за ова, средствата од девет милиони денари се обезбедени како грант преку УНДП. Монтажата на хидромеханичката опрема требаше да заврши во јануари. Изведувач на проектот е фирмата „Жикол"", а надзор има Градежниот институт на Македонија. Ќе се врши промена на темелниот испуст, ќе се поставуваат два вентила: еден конусен, еден пеперутка-вентил и активностите ќе продолжат по сезоната за наводнување, во октомври годинава, со цел да не бидат оштетени водокорисниците и да има успешна сезона за наводнување. Се надеваме дека нема да има проблем кој датира од поодамна, објаснува Талески.

Инаку, лани се потпишани 2.800 договори за наводнување, наплатата е околу 85 насто.Бидејќи главна култура за наводнување е тутунот, корисниците плаќаат кога ќе ги земат субвенциите од тутунот. /МИА

Депресијата е најчеста причина за самоубиства

Во Македонија во пораст се обидите за самоубиство. На годишно ниво се движат од 110 до 120. 

Дел од обидите се неуспешни и пациентите се спасени на клиниката за токсикологија, но лекувањето треба да продолжи на клиниката за психијатрија. Често но не и секогаш исчезнувањата на грѓаните завршуваат со самоубиство. Психијатрите велат дека Македонија во однос на останатите земји во Европа има ниска стапка на самоубиства. Но дека се уште е тајна да се разговара за проблем во семејството доколку некој посегнал по својот живот.

За социолозите човек се раѓа во група, секое изолирање од неа, секое чувство дека сте непотребен создава депресија. Многу често заминувањето и исчезнувањето, а потоа се дознава за смртта на човекот се отвораат прашањата колку можело нешто да се направи.

Големо влијание имаат и социјалните мрежи создавањето на паника и страв, велат социолозите. Деновиве се создаде страв околу исчезнувањето на луѓе и поврзување со киднпирања и убиства. Од МВР ги демантираа наводите дека на некој од исчезнатите им недостасувало органи. Секој од случаите се излорини и состојбата на смртта била предизвикана од различни фактори.

Ципрас: Традиционалната новогодишна пита во грчкото МНР задоцни поради Договорот од Преспа

Со оправдано задоцнување, денеска беше пресечена и поделена традиционалната новогодишна пита.

Со оправдано задоцнување, како што истакна грчкиот премиер, токму поради обврските што произлегоа од "еден од најважните и историски договори", во Министерството за надворешни работи на Грција, денеска беше пресечена и поделена традиционалната новогодишна пита, јави дописничката на МИА од Атина.

На присутните во грчкото МНР им се обрати Алексис Ципрас, кој се заблагодари меѓу другото и за "придонесот за историскиот Договор од Преспа" и рече дека е оправдано што новогодишната пита се дели на крајот на февруари.

-Сепак никој нема поплаки бидејќи работата што ја направи Министерството за надворешни работи во изминатиот период и многу важниот придонес за улогата на татковината на меѓународно поле, го оправдува ова мало задоцнување, бидејќи не можевме да делиме пити во моментот кога беше во тек еден од најважните и историски договори кои ќе ја означат надворешната политика на земјата и веќе ја имаат надградено улогата на нашата надворешна политика, рече грчкиот премиер во кусото обраќање во грчкото МНР, пренесе МИА.

Во присуство на шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, неговите заменици, Маркос Боларис и Теренс Куик, алтернативната министерка Сиа Анагностопулу, како и дипломати и вработените во Министерството за надворешни работи, но и новинарите, грчкиот премиерот Алексис Ципрас, ја пресече и подели новогодишната пита со паричка. Среќникот, кој ќе добие три слободни денови, беше советникот за надворешна политика на Ципрас, Евангелос Калпадакис. /МИА

На 15 март пресуда за случајот „27 април“

По точно шест месеци откако триесетина лица седнаа на обвинителна клупа за собраниските насилства од 27 април, судењето за најголемиот предмет заврши. 

Обвинетите на крај рекоа дека се подготвени да одговараат за тоа што го сториле но тврдат не се виновни за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како што ги товари обвинителството за организиран криминал и корупција. Поголемиот дел од нив не даваа одбрана но по повеќе од еден час даваа завршни зборови. Рекоа претходно обвинетите ператеници им сугерирале да не даваат одбрана зошто ќе бидат амнестирани. На последните рочишта прстот го вперија во пратениците.

-Жал ми е за случувањата во Собранието но јас грижа на совест немам. Грижа на совест треба да имаат Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

рече обвинетиот Вилијам Михајловски. Дел од нив пак се гневни за како што велат испазарената амнестија.

-Ќе одговарам за тоа што го сторив но тоа сигурно не е тероризам. Захарие Симовски доби амнестија а сите знаеме дека во Собранието носеше пиштол,изјавил Никола Митревски Кољо - Обвинет

Нивните адвокати очекуваа до последен момент обвинителката Вилма Рускоска да направи преквалификација на кривичните дела за кои ги обвини. Убедини се дека нивните клиенти се невини и очекуваат ослободителна пресуда.

Судијката Добрила Кацарска рече дека и потребно подолго време за да ги прегледа сите записници на кои се анализирани видео снимките од собраниските и телевизиските камери пред да ја изрече пресудата. Пред два дена таа рече дека во текот на водењето на постапката немала никакви притисоци ниту од партиски функционери.

За помалку од еден месец пресудата ќе ја слушнат само 17 од обвинетите меѓу кои и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски, вработени во собранието, агенти на УБК, откако со Законот за амнестија кој предизвика низа реакции во јавност беа ослободени 15 лица меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски,  Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов, но и дел од водачите на протестите За заедничка Македонија.

притисни ентер