Грчкиот парламент вечерва ќе гласа за ратификација на протоколот за членство во НАТО

Македонија го чека финалното „да“ во грчкиот парламент, веројатно последен пат под старото уставно име и како Поранешна Југословенска Република Македонија. 

Емоции и жестока реторика пред гласањето за Протоколот за членство на земјава во НАТО, овој пат, и поради новата реалност. Земјата која со години беше последниот столб, сега е првата која треба да го ратификува влезот на земјава во Алијансата. Оттука, најгневна е опозициската Нова Демократија, која пред 11 години ја водеше грчката влада, кога триумфално и стави вето на Македонија во Букурешт.

-На Самитот на НАТО во Букурешт, „Караманлис, Бакојани и Меимаракис, до крај дадоа отпор на различните, упорни и силни притисоци да се согласат за членство на Скопје во НАТО. Денеска се затвора еден историски циклус, кој почна со гордост, а завршува со капитулација, изјави Јоргос Кумуцакос, пратеник на Нова Демократија.

-Со ратификацијата на Протоколот ги реализираме и нашите интереси да ја направиме соседната држава поблиска до нас, отколку до другите. Мораме да ги затвориме разликите на Балканот и со тоа да се справиме со заканите за нашиот суверенитет, кој се заканува од исток, изјави Никос Тоскас, пратеник на Сириза

Дилеми околу исходот на гласањето вечерва, не треба да има. За зелено светло се неопходни 151 глас. Сириза на Ципрас има 145 пратеници, а дупката од шест гласа веќе ветија дека ќе ја пополнат шесте независни пратеници - Василис Кокалис, Елена Кундура, Танасис Папахристопулос, Костас Зурарис, Катерина Папакоста и Спирос Данелис. Во позитивен епилог на гласањето, со кој земјава и официјална станува Северна Македонија, сомнежи нема ниту премиерот Заев, кој денеска направи обиколка во Клиничкиот центар.

-Владата, многу наскоро, како Влада на Република Северна Македонија и натаму неуморно ќе работи за граѓаните, ќе создаваме здравствен систем по европски стандарди, изјави денеска премиерот Заев.

Ако Грција вечерва го изгласа Протоколот за НАТО, Атина преку Вербална нота треба да не извести дека ја завршила процесот. Потоа земјава треба да ги извести сите земји членки на Обединетите Нации и Меѓународни организации дека нејзиното ново уставно име е Република Северна Македонија.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер