Кумуцакос: Нема да го поддржиме Протоколот за членство на Скопје во НАТО

Денес сме овде да разговараме за последниот, формален чекор за една донесена обврска за земјата, веќе донесена одлука од ратификацијата на штетниот Договор од Преспа, рече Јоргос Кумуцакос.

Кумуцакос говореше како известувач за нацрт законот пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент и го повтори ставот на Нова демократија дека нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.

-Не гласаме за протоколот за влез на Скопје во НАТО, бидејќи тоа е она што формално произлегува од договорот, кој јасно е дека е штетен, бидејќи тоа е првиот договор, историски, во кој Грција дава нејзина согласност, нејзин потпис во прифаќањето дека постои наводен македонски јазик и македонска националност. Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќањето од Грција дека постои наводен македонски јазик и националност е основа за развој на на пост-преспанскиот иредентизам на Балканот, рече пратеникот од Нова демократија.

Кумуцакос порача дека Договорот од Преспа не е балансиран, а „грчкиот народ никогаш нема да го засака".

-Овој договор, интеграцијата во НАТО е првото материјален, опиплив, конкретен, позитивен резултат за Скопје. Тие, веќе започнаа да имаат опипливи, позитивни резултати од Договорот од Преспа. И ќе следи исто така обврска на Грција, поддршка за почеток на процесот на интеграција во Европската Унија. Што имаат Грците материјално, позитивно од ратификацијата на овој договор? Ова е главното прашање на кое треба да одговорите, порача Кумуцакос и додаде дека „во Скопје слават и логично е тоа, а Грците и понатаму се со недоверба и целосно негативни за овој договор"

Надлежниот за надворешна политика во Нова демократија се осврна и на „следниот ден по членството во НАТО", запрашувајќи се каков би бил ставот и на чија страна би било Скопје во случај на несогласувања меѓу Атина и Анкара за одредено прашање./MИА

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер