Вајгл: Мицкоски рече дека ќе соработува со власта за европските реформи

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл по средбата со лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, порача дека добил уверување дека опозицијата ќе биде конструктивна за реформите потребни за ЕУ.

-Нагласив дека главен интерес на Европскиот парламент и мој како известувач за Македонија е да продолжи земјата по патот кон ЕУ и Унијата да го одржи ветувањето да почнат преговорите во јуни, а Мицкоски рече дека ВМРО ќе соработува со владата за реформите и законодавството врзано за членството во ЕУ и дека ќе биде партнер од доверба, истакна Вајгл.

Мицкоски ги повторил критиките на неговата партија кон Преспанскиот договор, но Вајгл не верува дека ВМРО-ДПМНЕ би ја довел спогодбата во опасност доколку дојде на власт.

– Тој остана критичен кон тоа, но на крајот на краиштата важно е работите да одат напред и да се оствари Договорот, рече Вајгл додавајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ се критични кон Преспанскиот договор и многу се критични кон владата, но јас сметам дека улогата на опозицијата е да биде критична и коректор на власта, но дека треба да биде конструктивна кога станува збор за работи кои се во интерес на целата држава".

Состојбата во Грција кон Преспанскиот договор, вели Вајлг е покритична, иако тој се надева сите се свесни за неговата важност.

-Таму каде е мнозинството е тесно како во Грција, постои опасност да дојде до застој но не верувам дека ќе дојде до тоа, на крајот грчките политичари се свесни дека Преспанскиот договор значи консолидација на политичките прилики во регионот, кој е од голем интерес за западот, додава тој.

За крај, Мицкоски изразил загриженост за претстојните претседателски избори и побарал да биде обезбедено силно присуство на странски набљудувачи, соопшти Вајгл.

-Не гледам причина изборите да не бидат коректни, но мислам дека мора и владата и ДИК да направат сѐ да бидат изборите регуларни и одраз на демократска и толерантна атмосфера, порача известувачот за Македонија во ЕП./MИА

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер