Одложена примената на преодната одредба на Законот за трговија на зелените пазари - Канал 5

Одложена примената на преодната одредба на Законот за трговија на зелените пазари

Собранието денеска во рамки на 81. седница изгласа измени и дополнувања на Законот за трговија на зелените пазари, со кои се овозможува дополнителен рок за преодната одредба во која се предвидува вршење јавни овластувања за упис во Регистарот.

Одложена примената на преодната одредба на Законот за трговија на зелените пазари

Собранието денеска во рамки на 81. седница изгласа измени и дополнувања на Законот за трговија на зелените пазари, со кои се овозможува дополнителен рок за преодната одредба во која се предвидува вршење јавни овластувања за упис во Регистарот, издавање легитимација, издавање решение за упис на промена во Регистар, како и издавање решение за одјавување на дејноста.

За законот се гласаше двапати, откако првото беше поништено поради недоволен кворум. Никола Мицевски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ недоволниот број пратеници од власта го оцени како декларативно залагање за излегување во пресрет на пазарџиите кои се противеа на новините во законот и најави поддршка од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се овозможи одложување на примената.

– Ова требаше да се направи минатата година кога го донесовте законот без присуство на опозицијата, јавноста не беше запознаена затоа што немаше кој да изреагира. Кога излегоа подзаконските акти тоа можеа да го видат пазарџиите и излегоа со реакции. Имате повторно една избрзана мерка што не ги решава проблемите на пазарџите кои протестираат за ова штетно решение на СДСМ и ДУИ. Вие го одложувате законот и не ги решавате проблемите на граѓаните, рече Мицевски.

Според Ејуп Алими од ДУИ, можноста за спроведување на законот била отежната и оти има потреба од поширока дебата со кое ќе се најде решение според потребите на трговците на зелените пазари.

– Направена е голема неправда кон трговците кои се занимаваат со оваа дејност и треба сериозно да се замислиме дали да ја дозволиме оваа анархија од организиаторите на зелените пазари на оваа најсиромашна категорија во општеството месечно да им се зема по 100 – 200 евра за една тезга и тие да не се пријавени во државните институции и по долг временски период на крај да останат и без пензија, рече Алими.

Во реплика Диме Велковски од СДСМ, рече дека се излегува во пресрет на пазарџиите и оти ќе се носи законско решение со кое ќе бидат задоволни сите засегнати страни.

– До 1 јануари 2020 година се обврзавме сите, се надевам и вие, дека заедно ќе донесеме решение со кое сите страни во овој случај – организаторите на пазари, пазарџиите, прекупците, производители, но пред се консументите на пазарот, да бидат задоволни. Ова законско решение сметаме дека тоа не го направи, рече Велковски,

Пратениците го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, со кој се овозможува директорот на Агенцијата да има заменик.

– Целта е да се овозможи директорот на Агенцијата да има заменик и ќе се овозможи да го заменува директорот на Агенцијата во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, стои во образложението на законските измени, изгласани по скратена постапка, на предлог на пратениците од СДСМ и ДУИ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценија дека Владата преку пратениците ги предлага непопуларните одлуки и оти вработувањето заменик директор во Агенцијата повлекува зголемени трошоци. Наспроти нив, пратенците од парламентарното мнозинство сметаат дека треба да се зајакнат капацитетите на Агенцијата за правилна распределба на финансиите за поддршка на земјоделците.

– Ова е непопуларна одлука на товар на земјоделците и сите граѓани. Новиот заменик директор ќе зема минимум 50 илјади денари што е спротивно на ветувањата на новата Влада, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Според Татјана Прентовиќ од СДСМ, агенцијата е исклучително важна институција што треба да се зајакне и кадровски и технички за да дава совети на земјоделците со што финансиската поддршка за нив ќе се искористи на правилен начин.

– Бројот на вработените во Агенцијата веќе 21 година е намален, има осумдесет советници, а 44 дисперзирани подружници. Не само што се намалени човечките капацитети, туку и техничкиот потенцијал. Сметаме дека треба да се зајакнат капацитетите на Агенцијата и на менаџерскиот кадар и да дава советодавни услуги на земјоделците. Недозволиво е по 30 години приносите да бидат помали од претходниот период, рече Прентовиќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џим Кертис за врската со Џенифер Анистон: Се чувствувам благословено (ВИДЕО)

Дечкото на Џенифер Анистон, Џим Кертис, во ново интервју зборуваше за нивната врска, но и за блискиот круг на луѓе кои ја опкружуваат актерката со години. 

Џим Кертис за врската со Џенифер Анистон: Се чувствувам благословено (ВИДЕО)

За време на гостувањето во „Шоуто на Џејми Керн Лима“, емитувано на 31 август, 50-годишната хипнотерапевтка откри дека нејзините пријатели многу брзо се привлекле кон него, опишувајќи ги како тесен круг кој функционира како семејство.

„Се чувствувам неверојатно благословена што сум дел од тоа семејство и што сум толку добро прифатена“, рече Кертис. Анистон (57) и Кертис за прв пат беа фотографирани заедно минатото лето за време на одмор на Мајорка, каде што беа во друштво на Џејсон Бејтман, неговата сопруга Аманда Анка и Кортни Кокс.

Неколку недели подоцна тие беа повторно видени со Бејтман и Анко во Њујорк. Само неколку дена пред објавувањето на подкастот, двојката беше фотографирана на вечера во Лос Анџелес со Кокс, Бејтман, Анко и Лиза Кудроу.

YouTube video

Нејзините пријатели се како семејство

Кертис го опиша кругот на пријатели на Анистон како „прекрасен, близок круг на луѓе“. „Фактот дека сите се толку приземјени и љубезни кажува многу за неа и нејзините пријатели. И тие не се само такви за мене“, рече тој. „Не е случајно што луѓето толку многу го сакаат целиот тој тим“.

Тој исто така откри дека нивната врска оди „многу добро“. „Сметам дека е многу приземјена и друштвена личност, грижлива, љубезна и грижлива“, рече Кертис. „Се чувствувам благословен што сум во врска со некој што е толку топол, отворен и љубезен“.

Анистон и Кертис, кој е хипнотерапевт, се во врска од 2025 година. Извор му кажал на People во тоа време дека „случајно се гледаат и излегуваат“. Двојката неодамна ја прослави својата прва годишнина, а People го потврди тоа откако Кертис објави неколку заеднички фотографии. Меѓу нив беше и селфи на кое Анистон го бакнува во образ, со натпис: „Животот во последно време. Благодарен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кукески: Со ребалансот на Град Скопје се обезбедуваат повеќе пари за јавна чистота, за бесплатен ски викенд за средношколци

Советникот од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Сашо Кукески на денешната седница за ребаланс на буџетот на Град Скопје, истакна дека ќе го поддржи.

Кукески: Со ребалансот на Град Скопје се обезбедуваат повеќе пари за јавна чистота, за бесплатен ски викенд за средношколци

Советникот од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Сашо Кукески на денешната седница за ребаланс на буџетот на Град Скопје, истакна дека ќе го поддржи, затоа што измени на Програмите се наменети во правец на реализација на проекти кои се од огромно значење за граѓаните на Градот Скопје.

Кукески и образложи измените на сите програми, односно во која програма колку средства се префрлуваат со ребалансот на буџетот, при што посочи дека се одвојуваат повеќе средства за јавна чистота поради зголемениот обем на работа на Комунална хигиена за подигање на дивите депонии, како и за ЈСП со цел надминување на потешкотиите кои секако не се од иста природа како во минатото кога се соочување со недостиг на гориво.

„Во Програмата за јавна чистота имаме 10 милиони, се додаваат за хортикултурно уредување на ново јавно зеленило. Исто така, се додаваат уште 10 милиони заради зголемен обем на работите на Комунална хигиена околу подигање на дивите депонии. Во програмата за социјална, детска и здравствена заштита се додаваат три милиони за дообезбедување заради, за жал, нови барања и нови апликанти. Во Програмата за активности во областа на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје за 2026 година во оваа програма се додаваат 20 милиони денари субвенции за ЈСП заради потешкотии во работењето. Но, за разлика од порано нема никакви проблеми со приватните превозници, со нафта и слично. Обврските на ЈСП за само помалку од една година се намалени за околу 700 милиони денари. Останатите 25 милиони денари се наменети за голем сервис, односно реконструкција на жичарата на Водно, што значи дека сега вкупно ќе бидат 45 милиони. Бидејќи 10 години не е направен никаков сервис, сега треба голем сервис и секако истиот кошта повеќе“, истакна Кукески.

Тој додаде дека за поздравување е тоа што во Програмата за средно образование се додаваат два милиони денари за бесплатен ски викенд на средношколците од основниот буџет на Град Скопје, со што ќе се популаризираат локалните скијачки терени, ќе се подигне значењето на зимските спортови во Македонија, посочувајќи дека на подолг рок, оваа активност треба да придонесе за развој на зимските спортови и туризмот преку посетеноста на скијачките терени од младите.

„Направени се измени и кај Програмата за планирање и уредување на градежно земјиште. Се додава нов ред 39 со назив „Изградба на мост во Сарај“, што се работи за уште една капитална инвестиција. Направени се измени во Програмата за ЛЕР, кои се однесуваат на сузбивање на сивата економија, зголемување на приливот на средства во Градот, што ќе донесе до подобрување на условите за престој на туристите преку зголемување на бројот на категоризирани сместувачки капацитети и создавање на фер услови за сите физички лица кои издаваат куќи, апартмани, станови и соби. Измените се однесуваат на програмата ЕАА, ставка 485 во износ од 2,2 милиони денари, кои ќе бидат наменети за изработка на софтвер за евиденција и ажурирање на угостителските објекти за сместување, управувани од физички лица. Туристичката такса се предвидува да биде 40 денари за лице од ден или 32 денари за Град Скопје, со што буџетот на градот ќе добие уште еден дополнителен извор на средства којшто до сега изостанувале“, потенцираше советникот Кукески.

Кукески истакна дека предвидени се и казни за оние коишто ќе бидат фатени дека вршат дејност, а не се регистрирани, при што висината на казните би требало да се од 150 до 200 евра во денарската противвредност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русин го извршил тројното убиство во Црна Гора- полицијата бара информации од граѓаните

Полицијата го бара Михаил Николаевич Шабунин под сомнение дека извршил тројно убиство во Даниловград, соопшти Управата на црногорската полиција.

Русин го извршил тројното убиство во Црна Гора- полицијата бара информации од граѓаните

По сомнение за тројно убиство со употреба на огнено оружје - кривично дело тешко убиство, на штета на П.Г. (24) од Подгорица, М.Р. (67) од Даниловград и Н.К. (20) од Подгорица, на стрелиштето „Чешка зброевка“ во Даниловград, Полицијата јавно го бара следново лице:

- Михаил Николаевич Шабунин (30), државјанин на Руската Федерација.

Полицијата интензивно работи на пронаоѓање и апсење на гореспоменатото лице.

Ги повикуваме граѓаните да пријават информации за осомничениот или за неговото местоположба до Управата на полицијата на бесплатниот број 122, преку апликацијата Policija CG (Виртуелна полициска станица) или на кој било друг начин. Информации за лицето може да се достават до полицијата и анонимно.

Ги молиме граѓаните да помогнат во пронаоѓањето на ова лице, со напомена дека секое прикривање на информации за барано лице претставува кривично дело, се наведува во апелот на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер