„Субверзија во црвено" на Нада Прља македонски претставник на 58. Интернационална изложба во Венеција

Проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено" од авторката Нада Прља ќе биде македонскиот национален претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција.

Како што соопшти Министерството за култура, оваа одлука ја донесе Комисијата во состав: проф. Мирко Вујисиќ, проф.Тони Васиќ и Имер Бајрами.

Во пропишаниот рок на Конкурсот до Министерството пристигнале уште три пријави: на НУ Национална галерија на Македонија за проектот „Мирисот на лебот" од авторот Нехат Беќири, на Музејот на град Скопје за проектот „А-Reaction" од авторката Марија Павловска и самостојниот проект „Че биде" од авторот Игор Јосифов. При увидот во пријавите, Комисијата утврдила дека проектот на НУ Национална галерија на Македонија не ги исполнува условите пропишани во Конкурсот и затоа проектот на Нехат Беќири не бил земен предвид во натамошниот процес на разгледување и одлучување.

За останатите три проекти Комисијата констатирала дека се одликуваат со високи уметнички карактеристики, дека се професионално конципирани и ги одразуваат квалитативните параметри нотирани во Конкурсот. Сепак, со особено внимание Комисијата го издвоила проектот на Прља кој, според тематската одреденица и методологијата во уметничкиот пристап низ неконвенционалните методи, е актуелен и интернационално референтен проект во културениот контекст и во однос на темата на Биеналето.

Според Министерството, Комисијата ги земала предвид и квалитетите и искуството на авторката со учество и изведба на дела со сличен контекст, кои се многубројни и имаат освоено награди и признанија на меѓународната сцена. Истовремено, Комисијата изразила уверување дека и соработниците што се вклучени во реализацијата на проектот, во однос на уметничката критика и стручност, имаат големо интернационално искуство, особено во претходните учества на оваа манифестација.

Венециското биенале оваа година ќе се одржи од 9 мај до 24 ноември. Куратор е Ралф Ругоф, кој ја утврди и генералната тема на манифестацијата: „Може да живееш во интересни времиња". За претставувањето на проектот на Музејот на современата уметност, Министерството за култура издвои 4.000.000 денари.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер