„Субверзија во црвено" на Нада Прља македонски претставник на 58. Интернационална изложба во Венеција - Канал 5

„Субверзија во црвено" на Нада Прља македонски претставник на 58. Интернационална изложба во Венеција

Проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено" од авторката Нада Прља ќе биде македонскиот национален претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција.

„Субверзија во црвено" на Нада Прља македонски претставник на 58. Интернационална изложба во Венеција

Како што соопшти Министерството за култура, оваа одлука ја донесе Комисијата во состав: проф. Мирко Вујисиќ, проф.Тони Васиќ и Имер Бајрами.

Во пропишаниот рок на Конкурсот до Министерството пристигнале уште три пријави: на НУ Национална галерија на Македонија за проектот „Мирисот на лебот" од авторот Нехат Беќири, на Музејот на град Скопје за проектот „А-Reaction" од авторката Марија Павловска и самостојниот проект „Че биде" од авторот Игор Јосифов. При увидот во пријавите, Комисијата утврдила дека проектот на НУ Национална галерија на Македонија не ги исполнува условите пропишани во Конкурсот и затоа проектот на Нехат Беќири не бил земен предвид во натамошниот процес на разгледување и одлучување.

За останатите три проекти Комисијата констатирала дека се одликуваат со високи уметнички карактеристики, дека се професионално конципирани и ги одразуваат квалитативните параметри нотирани во Конкурсот. Сепак, со особено внимание Комисијата го издвоила проектот на Прља кој, според тематската одреденица и методологијата во уметничкиот пристап низ неконвенционалните методи, е актуелен и интернационално референтен проект во културениот контекст и во однос на темата на Биеналето.

Според Министерството, Комисијата ги земала предвид и квалитетите и искуството на авторката со учество и изведба на дела со сличен контекст, кои се многубројни и имаат освоено награди и признанија на меѓународната сцена. Истовремено, Комисијата изразила уверување дека и соработниците што се вклучени во реализацијата на проектот, во однос на уметничката критика и стручност, имаат големо интернационално искуство, особено во претходните учества на оваа манифестација.

Венециското биенале оваа година ќе се одржи од 9 мај до 24 ноември. Куратор е Ралф Ругоф, кој ја утврди и генералната тема на манифестацијата: „Може да живееш во интересни времиња". За претставувањето на проектот на Музејот на современата уметност, Министерството за култура издвои 4.000.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

На 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум.

На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан.

Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара.

„Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара.

Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања.

Генерален спонзор на овој музички настан е А1.

Билетите се достапни преку karti.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?

Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за Алта банка против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица. Обвинителот Ненад Савески се уште молчи.

Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?

Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?

Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за Алта банка против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.

Обвинителот Ненад Савески се уште молчи.

Нема никаква информација што е преземено, дали е постапено по кривичната пријава.

Дали се обезбедени документите кои ги потпишал Славески и дал согласност за влез на Алта банка по налог на Мицкоски?

Дали ги побарал трансакциите?

Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ за нивната улога?

Народот не може да дојде до своите пари, загрозен е банкарскиот систем затоа што Мицкоски и Славески ја внесоа криминалната Алта банка во Македонија.

Последните информации од Србија се дека е одземена и дозволата за работа на Алта лизинг, заради стабилност на финансискиот систем.

Во Србија има истрага, приведен е сопственикот, банката е во стечај, се истражувата 400 милиони евра.

А во Македонија Обвинителството не презема ништо.

Дали им се купува време на Мицкоски и Славески да се спасат и да го заташкаат сскандалот?

Улогата на Мицкоски и Славески е клучна, затоа што тие ја донеса пералницата на пари на Вучиќ - во Македонија.

Славески јавно кажа дека се консултирал со Мицкоски, иако Народна банка треба да е независна.

Мицкоски лажеше на надзорната расправа во Собранието во обид да префрли вината врз СДСМ. Му наредни на Трајко Славески да понесе и кривични пријави против СДСМ.

Тие што го создадоа овој проблем, со тоа ја донесоа Алта банка. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега тие што се виновни за Алта банка преговараат за нејзина продажба на берза.

Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Тоа значи дека Мицкоски и Славески планираат да ја обезвреднет само за да ги прикријат сметките и трансакциите.

Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе.

На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел.

Савески треба да знае дека времето одминува.

Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.

Одговорност за Алта банка ќе има. Бандата ќе одговара.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања

Наследникот на бугарскиот царски престол и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски по средбата со македонскиот премиер Мицкоски во Брисел порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите.

Сакскобурготски: Историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите кон практичните прашања

Наследникот на бугарскиот царски престол и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски по средбата со македонскиот премиер Мицкоски во Брисел порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите да се насочат кон практичните прашања и кон членството на Македонија во Европската унија.

-Сакскобурготски порача дека дијалогот и добрососедските односи се во интерес на сите. Притоа, нагласи дека историските прашања треба да им се препуштат на историчарите, додека политичарите треба да се посветат на практичните прашања и на европската иднина на Македонија.

Оваа изјава потсетува дека во Бугарија сѐ уште постојат умерени, разумни и добронамерни политичари кои сакаат да ја видат Македонија како напредува, наместо нејзината иднина постојано да биде заложник на историски спорови и политички условувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер