Македонија загуби од Исланд со 22:24 – надеж за пласман од 12 до 24 место на Мундијалот

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 24-22 и остана без пласман во втората фаза на Светското првенство во Данска и Германија.Македонија до крајот на Мундијалот ке разигрува за пласман од 12-то до 24-то место.

Најдобрите македонски ракометари загубија од Исланд со 24-22 во последниот натпревар од групата Б, со што не ја остварија примарната цел – пласман во втората фаза на Мундијалот.

Македонија ке остане на шампионатот и ке настапи во таканаречениот Президент куп односно за пласман од 12-то до 24-то место. Македонија и Исланд очекувано одиграа тврд натпревар со малку голови, а со многу тактизирање, од кој противникот излезе како победник.

Слабостите што Македонскиот национален тим ги покажа во дуелите со Шпанија и Хрватска, ги повтори и вечерва со Исланд. Недоволно цврста одбрана која во клучните моменти му се нуди на противникот, а во нападот повторно без вистинско решение и лоша зицер-реализација.

На тактички план, Исланѓаните добро подготвени, а многу подобро од нашите ракометри и психолошки потковани. Македонија во разигрувањето за пласман првиот натпревар ке го има в сабота најверојатно против Русија како четвртопласирана селекција од групата А.

Од нашата група Б, понатаму одат Шпанија, Хрватска и Исланд кои во втората фаза ке играат во група со најдобрите три од А групата, односно Франција, Германија и Бразил.

притисни ентер