Ќерката на Трамп , можна претседателка на Светската банка

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп , Иванка е кандидат за претседател на Светска банка.

Според информациите на ,,Фајненшал Тајмс”, таа би дошла на раководното место на Свњетска банка по заминувањето на сегашниот претседател Џим Јонг Ким.

За ова престижно место се кандидираше и поранешната мериканска амбасадорка во Обединетите нации , Ники Хејли. Во понеделникот  Ким неочекувано објави дека веќе нема да раководи со Светска Банка на повеќе од три години до завршувањето на неговиот втор мандат.

Покрај Иванка Трамп и Хејли, се споменуваат и имињата на државниот секретар за меѓународни прашања во американското  Министерството за финансии , Дејвид Малпас и шефот на Агенцијата на САД за меѓународен развој Марк Грин .

Иванка Трамп во 2017 година раководеше со фондот на Светската банка од 1 милијарда долари за промовирање на женски бизнис иницијативи.

"Ние го започнуваме процесот на внатрешно разгледување за американски кандидат и очекуваме соработка со гувернерите за избор на нов лидер", рече портпаролот на Министерството за финансии.

Италија ќе го ратификува договорот за придружување на РСМ кон НАТО

Горниот и долниот дом на италијанскиот Парламент до крајот на овој месец или до почетокот на април ќе го ратификува договорот за придружување на Република Северна Македонија во НАТО.

Тоа го најави потпретседателката на италијснаскиот Сенат ,Паола Таверна и потпретседателот на Домот на пратениците , Еторе Росато на средбата со претседателот на Собранието , Талат Џафери , кој учествува на 16. конференција на претседателите на парламентите од Јадранско- јонската иницијатива , што се одржува во Будва, Црна Гора.

Италија ќе продолжи со поддршката на земјите од Западен балкан и во нивнтие напори да зтанат полноправни членки на ЕУ , рече Таверна.

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – еден повреден (ВИДЕО)

Вечерва на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил се случи тешка сообраќајна несреќа.

Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф , кое се движело по улицата Скупи , Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел , велат очевидците. Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките , додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место , а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.

Зошто француската министерка за европски работи го нарече својот мачор – Брегзит

,,Секое утро ме буди со мјаукање дека сака да излезе надвор , а кога ќе му отворам , стои неодлушно” , така се пошегува француската министерка натали Лоазо со маката на Британците.

Француската министерка за европски работи , Натали Лоазо објасни зошто својот мачор го нарекла Брегзит , саркастично коментирајќи ги мачните обиди на Британија да ја напушти Европската Унија.

,,Да , мислам дека треба да имам одредена доза на хумор , за овие денови да се справувам со Брегзитот, не само јас туку у моите соработници.” , вели министерката Лоазо пред почетокот на разговорите на министрите за Брегзит , што се одржа во Брисел.

Таа објасни зошто на фејсбук објавила фотографија со мачорот , кого го нарекла Брегзит.

,, Секое утро ме буди со бесконечно мјаукање зашто сака да излезе, а кога му ја отворам вратата тој стои неодлучен и лошо ме гледа кога ќе го пренесам надвор.” , вели Лоазо , која порача дека е крајно време да се знае што конкретно ќе преземе Лондон за да го почитува договорот и да излезе од Унијата.

притисни ентер