Снимени киднаперите кои бараат 9 милиони евра за жената на норвешкиот милионер (ВИДЕО)

Норвешката полиција објави снимки од безбедносни камери , на кои најверојатнос е киднаперите на Ана-Елизабет Фалкевик Хаген, сопруга на норвешки милионер , која трет месец е исчезната.

На снимката се гледаат три лица , како минуваат покрај канцеларијата на милионерот, во близина на неговата куќа на денот кога исчезна сопругата. Полицијата јавно ги замолува другиот пешак и велосипедистот , кои се гледаат на снимката , да се јават за информации.

Инаку , сопругата на мултимилионерот , чие богатство е проценето на 174 милиони евра , исчезна на 31 октомври минатата година. Киднаперите бараат откуп од 9 милиони евра  за нејзиниот живот.

До сега немаше информации во јавниоста за киднапирањето на жената , поради опасност за нејзината безбедност. Тие во јавувањата преку меил го известиле милионерот дека неговата сопруга ќе биде мртва доколку се вмеша полицијата или се објави во јавноста што било за киднапирањето.

Бараат парите да им бидат исплатени во криптовалута монеро , слична на биткоинот.

Брат и сестра одејќи по жица го поминаа Тајмс Сквер , 25 ката над Њујорк (ВИДЕО)

Илјадници Њујорчани го гледаа спектаклот во кој братот и сестрата Ник и Лијана Валенда на жица го поминаа Тајмс Сквер.

Ник и Лијана Валенда го минаа Тајмс Сквер одејќи по жица , распната меѓу два облакодери на 25. кат. Ник Валенда е искусен акробат, седма генерација на ова познато акробатско семејство.

Сестрата Лијана му се приклучи во неделата вечерта за прв пат по речиси фаталната несреќа во 2017 , кога ги скрши речиси сите коски на лицето.

Тие одеа во спротивни насоки по жицата долга 400 метри и се сретнаа на средината. Потоа продолжија понатаму до крајот на жицата над илјадниците возбудени гледачи. И двајцата носеле специјална облека , со која би се ублажил евентуалниот пад.

Целиот спектакл бил пренесуван во живо на телевизијата АБЦ.  Иако се изгледало совршено , Ник по подвигот изјави дека во еден момент почнал да му се лизга стапот за баланс и се исплашил.

Семејството валенда е познато како акробатско уште од 1780 година во Хабсбуршката монархија , кога нивните предци настапувале како трупа од акробати и жонглери.

Членовите на ова семејство , кое прави најнецверојатни акробации , е познато по тоа што никогаш не користат заштитини мрежи било на претставите или на пробите.

Во Чернобил цвета ,,црниот” туризам (ФОТО)

Откако серијата ,,Чернобил” го заинтригира целиот свет , на местото на нуклеарната катастрофа цвета туризмот.

Илјадници луѓе од сите делови на светот сакаат да го видат местото на најголемата нуклеарна катастрофа на електраната Чернобил.

Во градот Припјат , кој во времето на дефектот на нуклеарната електрана имал 600 000 жители , се е оставено како кога се евакуирале во 1986 година.

Чернобил е отворен во 2011 за туристи , но до сега таму одеа само групи авантуристи.

Наместо на летен одмор на плажа , луѓето одат на местото на смрт и трагедија , каде илјадници загинаа од радиоактивното дејство на нуклеарната централа , која изгоре во најголемата хаварија во историјата.

За еден месец на видео игри се потрошени девет милијарди долари

На порталот SuperData Research  на компанијата Nielsen објавени се податоци според кои играчите на видеоигри во светот само за додатоци во мај годинава потрошиле речиси девет милијарди долари.

Во мај играчите на видеоигри и дигитални додатоци поврзани со нив потрошиле 8,7 милијарди долари. Иако се чини дека сумата е невериојатно висока , тоа е за 4 проценти помалку отколку во мај минатата година. Причината е пад на потрошувачката на мобилните игри за шест проценти , кои имаат поголем удел отколку игрите на компјутер и конзоли заедно.

На компјутерските платформи и натаму доминиора League of Legends , додека на второ место се најде Dungeon Fighter Online, која е популарна во азиските земји. Потоа следува кинескиот MMORPG Westward Journey Online II, а по неа и другите игри популарни на западниот пазар.

Од игрите на конзоли најпопуларни се оние на Fortnite и FIFA.Втората е значително падната во однос на играчите минатата година , што се смета дека е поради светското првенство во фудбал во Русија.

На мобилните платформи играчите најмногу пари издвоиле за играта Honour of Kings, а потоа за Perfect World, Candy Crush и  Clash of Clans.

притисни ентер