Во експлозија на танкер можно е да има дури 60 жртви

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на превртен танкер во близина на Нигерија.

Повредени се најмалку 22 лица и се пренесени во болница со тешки изгореници. Експлозијата се случила кога неколку десетици лица се собрале околу превртениот танкер за да ја исчистат истечената нафта.

Според сведоците , бројот на жртви би можел да достигне и 60. Тие велат дека тешко некој да ја преживеал несреќата , бидејќи се запалила и истечената нафта во морето, како и самиот танкер, околу кој имало многу луѓе.

Тамара по враќањето : Се чувствувам како победник

Тамара Тодевска и нејзиниот тим околу полноќ беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но срќна сум што ве направив горди.” , рече Тамара од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожуватели кои неколку часа чекаа да пристигне .

Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

Швајцарците на референдум го прифатија новиот закон за оружје

Жителите на Швајцарија денеска на референдум ги одобрија новите антитерористички мерки на Е вропската унија, со гласање на законот за поседување на оружје.

Според проценките 67 проценти од Швајцарците го прифатиле новиот закон за оружје со кои се заоструваат мерките за поседување на оружје.

Власите ги предупредија гласачите дека со одбивање на овој закон земјата може да се доведе во позиција да биде исклучена од европските договори Шенген и Даблин, со кои е поврзана иако не е членка на Унијата.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани на Швајцарија поседуваат оружје, што е околу една третина од жителите на земјата.

Новите заострени мерки се однесуваат на полуавтоматските пушки со големи шаржери и на одредени други врсти на пушки.

притисни ентер