Енди Мареј со солзи во очите го најавува крајот на кариерата

Поранешниот најдобар светски тенисер, Британецот Енди мареј го најавува крајот на кариерата.

Повредите го сториле своето, Енди Мареј веќе нема сили да игра на највисоко ниво и поради тоа најавува брзо завршување на кариерата како тенисер.

Тажната вест стигнува од Мелбурн , каде 31 годишниот Мареј се подготвува за учество на првиот тениски Грен слем во 2019 Австралија опен. Што најверојатно ќе биде неговиот последен натпреварувачки турнир.

„Не се чувствувам добро веќе долго, долго...Под константни болки сум веќе 20 месеци. Направив се што можев за да ги решам проблемите со колкот, но болката беше пресилна. Му кажав на својот тим уште во декември да вака нема да можам да продолжам“, зборувал низ солзи Енди Мареј, кој ќе мора да замине на уште една операција на повредениот колк.

Поранешниот олимписки шампион и најуспешен британски тенисер, би сакал да се прости од тенисот на домашен терен, на Вимблдон, но не знае дали неговото тело ќе може да издржи до јули.

„Би сакал во Лондон да ја завршам кариерата, но не сум сигурен дали ќе успеав во тоа“, истакнал Мареј.

Инаку, досега во кариерата Енди Мареј има освоено три Грен слем титули(два Вимблдона, и УС Опен) и има две олимписки злата од игрите во Лондон 2012 и Рио 2016 година.

Дани Алвеш повторно ќе соработува со Пеп

Бразилецот Дани Алвеш дефинитивно го напушти богатиот ПСЖ , по две години на „Паркот на принцовите“ во Парис, поранешниот ас на Барселона одлучи да ја промени средината.

36 годишниот Алвеш одлучи да направи уште еден чекор во  долгата и богата кариера и да заигра во англиската Премиер лига.

Иако веќе долго е навлезен во четвртата деценија од живото Алвеш  реши по истекот на договорот да се раздели со богатиот Пари Сен Жермен и по Шпанија, Италија и Франција да се проба и во Англија.

Новиот клуб на извонредниот десен бек би требало да биде шампионот Манчестер Сити каде Алвеш повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Нејмар ќе стори се само да се врати во Барселона

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е подготвен да направи сѐ што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Бразилската  фудбалскска ѕвезда  за да се врати на „Камп Ноу“ е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

Србија по тешка борба ја победи Хрватска во Белград (ВИДЕО)

Во тензична атмосфера и со исвиркување на хрватската химна на почетокот на мечот , во Белград се одржа финалниот меч на Светската лига во Ватерполо.

Со погодок на 17 секунди до крајот , Србија ја победи хрватската екипа , која е актуелен светски првак. Српските ватерполисти се олимписки и европски шампиони.

Во базенот на Ташмајдан се водеше вистинска битка , како и на трибините , каде навивачите на двете екипи беа одвоени со силно полициско обезбедување.

На крај со резултат од 12 : 11 победија српските ватерполисти , по што хрвбатските навивачи набрзина беа изнесени од салата за да се избегне инцидент.

притисни ентер