Во Австрија и Германија прогласена природна катастрофа, се очекуваат уште 3 метра снег

Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме , а алармот поради заканите од лавини е на највисок , петти степен.

Илјадници се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час.

Се предвидува дека снежните врнежи нема да запрат до понеделник , а со тоа и проблемите на жителите од областите Баварија , Штаерска, Тирол и Салцбург.

Во 11 часот во градот Марктшеленберг дојде до лавина , поради што е прогласена вонредна состојба.

Се очекуваат нови три метри снег , иако дежурните служби веќе се преморени од деноноќното интервенирање. Откажан е и женскиот натпревар во скијање , што во сабота и недела требаше да се одржи во австрискиот ски центар Сент Антон.

Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи , уривање на куќи и застој на патиштата.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија

СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија.

Началникот на штипската полиција се уште е на таа позиција, иако е фатен во криумчарење на мигранти. Ова е доказ за лицемерието на СДСМ.

Патем останува нејасно за какви и чии статистики говори СДСМ бидејќи во своите соопштенија ниту еднаш не го користи терминот Македонија.

Сето ова покажува со каков криминален и однароден картел на власт си имаат работа граѓаните. Тоа мора да престане. Почетокот на крајот на заевизмот ќе бидат претстојните избори кога граѓаните јасно ќе ја казнат оваа криминогена структура. /МИА

Започна гласањето за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица

Јавното претпријатие „Камена Река" од Македонска Каменица ги објави пристигнатите предлог проекти по објавениот Конкурс за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица.

Во моментот како што информира директорот на ,,Камена Река”, Влатко Андоновски трае гласањето за избор на најдобро идејно решение во чии рамки ќе биде земен во предвид и гласот на граѓаните.

-Гласањето ќе трае до 26 Март, заклучно до 12 часот, кога ќе заседава утврдена петчлена комисија. Гласањето од граѓаните на фејсбук профилот на ЈП ,,Камена Река” ќе биде земено како дополнителна сугестија, односно ќе биде вброено како 6-ти глас при одлучувањето, информира Андоновски.

Додава дека наградено ќе биде предлог решението кое ќе добие најмногу бодови согласно гласањето на Facebook страната на ЈП ,,Камена Река” и бодовите добиени од страна на комисијата.

Конкурсот за избор на најдобро решение за уредување на парк се однесува на таканаречениот „Титов парк”, кој е предвидено да се уреди во модерен градски парк, како место за рекреација на граѓаните од М.Каменица. /МИА

Свештениците вршат водосвет во домовите на граѓаните во Пијанец

Во духот на христијанската традиција во Делчево со посета на домовите на семејствата, свештениците при црквата Успение на Пресвета Богородица го започнаа велигденскиот водосвет. 

Оваа пракса, како што истакнува протоереј Александар Васев се прави се до Велигденските празници.

-По започнувањето на Велигденските пости во нашиот крај, обичај е да се посетуваат православните домови на граѓаните. Водосветот се врши со светење вода со спомнување на имињата на членовите на семејствата за здравје во домовите. Освен тоа ова е период во кој во првите пет недели од постот, односно секој петок во првите пет седмици се одржува и посебна служба наречена Акатист на Пресвета Богородица, вели Васев.

За време на овие служби, додава делчевскиот протоереј, се врши и петтолебие.

-За петтолебието христијаните подготвуваат пет лепчиња со квасец, но без зејтин, исто така и шише вино, при што на ливче ги запишуваат имињата на семејството и тој чин на средината во црквата се извршува овој чин, додава Васев.

Во периодот на Велигденските пости како што велат од црквата Успение на Пресвета Богородица, освен богослужбите во недела и за празници, богослужби ќе се служат и во среда и петок. Велигденскиот пост трае 40 дена од Прочка до Велигден до кога ќе трае и водосветот во домовите на граѓаните. 

притисни ентер