РСБС со препораки за безбедно возење во зимски услови - Канал 5

РСБС со препораки за безбедно возење во зимски услови

За возење во зимски услови, секогаш е потребно многу поголемо внимание и поголема концентрација.

РСБС со препораки за безбедно возење во зимски услови

Притоа, покрај поседување задолжителна зимска опрема, сите возачи кои ќе го прифатат предизвикот да возат во зимски услови, треба да располагаат и со oдредени знаења и вештини како безбедно да пристигнат до посакуваната дестинација. По тој повод Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот објави препораки за безбедно возење во зимски услови.

Потсетуваат дека во согласност со законските одредби, во Република Македонија, возачот на моторно возило, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседува зимска опрема во возилото.

Во задолжителна зимска опрема, за возила до 3500 kg, влегуваат зимски гуми кои мораат да имаат шара-длабочина на нагазниот слој од најмалку 4 милиметри или летни гуми со минимум длабочина на шарата од 4 мм и синџири за снег на погонските тркала.

Кога станува збор за зимските гуми, потребно е сите четири гуми на возилото да бидат со зимски профил. Зимски гуми се потребни и кога на патот нема снег или мраз бидејќи летните гуми поразлично се однесуваат при возење на ниски температури.

Разликата меѓу летните и зимските гуми, не е само во шарата на гумите, која кај зимските гуми подобро ги истиснува остатоците од снег и водата на коловозот, туку и во составот на гумата. Летните гуми при ниски температури стврднуваат и добиваат својства на „тврда пластика" и обезбедуваат многу слаб контакт со подлогата. За разлика од тоа, зимските гуми и при ниски температури остануваат меки и обезбедуваат постабилен контакт со подлогата.

Доколку се упатите во некој од ски-центрите, или тргнете на пат кој е на поголема надморска височина, задолжително сметајте на употреба на зимски ланци на погонските тркала, посочуваат од РСБС.

Покрај обврската за носење зимска опрема, наведуваат, добро би било, возачите на автомобили во возилото да имаат и лопати за отстранување снег, различни четкички за стакло, спреј за одмрзнување на брави, кабли за стартување на возилото, кофа со песок, стара крпа, метла, кебе, ракавици и многу други работи што можат да бидат драгоцени доколу се најдат во непријатна ситуација, односно доколку останат заглавени во снег.

Втор клучен е елмент е посочено прилагодувањето на состојбата на патиштата.

Возењето на пат со снег, мраз или силни налети на ветер, создава проблеми во движењето на возилото, а посебно со неговото застанување. Доколку патот е замрзнат, потребно е возилото да го возите значително побавно и со што помалку нагли движења во возењето.

При тргнување на пат во зимски период, исчистете го целиот снег од возилото и исчистете го мразот. На поголем дел од возачите, најголем проблем им преставува придвижувањето на автомобилот во снег или на мраз. Затоа, кога ќе додавате гас, сугерираат, квачилото стискајте го и отпуштате го полека и доколку почувствувате лизгање на тркалата, притиснете уште малку на квачилото, па повторно попуштете сѐ додека возилото не се придвижи.

Никако не смеете да ја притискате педалата за гас нагло и силно, ниту педалата за кочење. Користете го максимално моторното кочење.

Она што е најважно кога возите во зимски услови на патиштата е внимателното следење на комплетниот сообраќај за да бидете во можност навремено и бавно, без нагли движења, да го забрзате, забавите, свртите или запрете возилото. Најопасни се наглите движења на замрзнати коловози.

На пат на кој има многу снег или мраз, најдобро е да се движете во втора брзина. Во тек на возење со преголем број вртења, може да се случи да дојде до лизгање на тркалата и занесување на возилото. Тогаш треба внимателно да се одзема гаста.

Во случај на забрзување на возилото, во зимски услови на патиштата, треба што побрзо да се преминува од помал кон поголем степен на пренос на брзината, за што помалку да се движи возилото во „лер".

При промена на правецот на движење на автомобилот за да не дојде до занесување на возилото, не треба ниту да додавате, ниту да одземате гас. Педалата за кочење, при услови на снег или мраз, се користи исклучително во крајни услови. Главниот водич за безбедно возење во зимски услови се звуците на моторот и евентуалното лизгање кое треба по чувство да се контролира.

За идните возачи кои одлучиле да земат практична обука во зимскиот период, од РСБС порачуваат дека не треба да ја одложуваат обуката за на пролет бидејќи во зима навистина ќе ги совладаат важните лекции што ќе ѝм бидат од полза при понатамошното управување со возилото. Зимското возење е специфично, па затоа треба да се соочат со предизвикот и да ја совладаат спецификата на зимското возење додека крај себе имаат професионален возач-инструктор.

Младите пак, и неискусни возачи, и покрај тоа што веќе поседуваат возачка дозвола, добро е да земат дополнителни часови за возење во зимски услови, затоа што првпат се соочуваат со предизвикот да возат по замрзнати коловози. Доколку не се одлучат за дополнителни часови практична обука во автошкола, најдобро е пред да започнат сами да управуваат со моторно возило во зимски услови, да го направат тоа со искусен возач во кругот на своите најблиски. На тој начин, ќе се здобијат со бесплатна и важна обука и со драгоцено искуство, велат од РСБСП и советот за ваша и безбедност на сите учесници во сообраќајот во зимски услови на патиштата, двојно повеќе внимание и одговорност од учесници во сообраќајот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер