СДСМ: Антизападниот Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски

Антизападниот Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски, не отстапува од делбите и омразата, рече на прес конференција ,Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Груевски ги делеше граѓаните на патриоти и предавници, а неговиот пион Мицкоски ги дели граѓаните на лојални и нелојални.

Неговата дрскост и ароганција отидоа до таму што на најголемиот, најрадосниот христијански верски празник- Божиќ, Мицкоски се дрзна да ги дели и понижува граѓаните.

На Мицкоски му се врти во главата желба да се поставува во улога на судија и да утврдува кој е, а кој не е лојален граѓанин на Македонија.

На граѓаните им се доста 11 години партиски суд. Македонија расчисти со поделбите и одбра да се гради како едно општество на еднакви граѓани.

Граѓаните на пролет уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби и омраза што го следи Мицкоски.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе работи во интерес на државата и рамо до рамо ќе застане со прогресивните демократски сили што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер