Денеска во „Само вистина“ гостин ќе биде Зоран Божиновски.

Откри ли каде завршија 60 милиони долари, клириншки долг од бивша Југославија?

Дами и господа, понеделник прв работен и уште еден ден за новинарската вистина од зад кулисите, вечерва под жешките рефлектори во нашата и ваша „Само Вистина“ за интригите во македонската јавност низ новинарското секојдневие, за тоа колку крупни обвинувања може да излезат од едно „буре“, со контроверзниот новинар Зоран Божиновски.

Откри ли каде завршија 60 милиони долари, клириншки долг од бивша Југославија?

Дали смета дека Преспанскиот договор ќе ја помине оваа клучна фаза или пратеничките контрааргументи ќе доминираат над аргументите за македонските интеграции?

Што мисли за амнестијата, за помирувањето и за пратениците кои што нагло го завртеа од десно на лево кормилото во Парламентот?

Дали во Македонија има воопшто новинарство и во чија функција е истото?

Кој пласира, а кому му се наменети „лажните“ вести и под чиј патронат се шират?

Ни треба домашен или странски булдожер?

Зошто мисли дека од 2010-та година живееме во лага? А како живеевме до 2010, во рајот???

Зошто веб порталите се извор на лажни вести,и како да се заштитиме сите од тоа?

Како гледа на последното изборно собрание на ЗНМ?

Смета ли дека е нестатутарно ограничувањето на нови членови?

Кој му дозволи на Насер Селмани да го промовира Млaден Чадиковски пред самиот тој да поднесе официјална кандидатура?

Тајни служби, сметки во Белизе, корупција, ботови за „лажни вести“ и сите актуелни теми кои го брануваат македонскиот медиумски простор, кој го става народот во заблуда а кој ја говори вистината, вечерва на добро познатото место, на нашиот пулт, својата вистина ќе ја говори Зоран Божиновски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

притисни ентер