Не очекува зима со просечни температури и врнежи, не се исклучуваат и непогоди

 Просечни температури и врнежи со мало надминување на просекот не очекуваат во претстојната зима 2018/2019 година. 

Метеоролозите очекуваат поголема количина врнежи до 25 отсто над просекот во источните делови од земјата.

Зимата годинава во Македонија и северната хемисфера ќе почне на 21 декември во 23 часот и 23 минути.

– Во Македонија, најголема веројатност постои просечната температура на воздухот за зимата 2018/2019 да биде во рамките на просечните вредности и малку над просекот. Тоа значи, очекуваните вредности да бидат во рамките на стандардните девијации, односно се од -1.5°С во Маврово до 5.0°С во Гевгелија, -1.1°С во Лазарополе, -0.3°С во Берово, 0.9°С во Битола, 1.0°С во Крива Паланка, 1.3°С во Прилеп, 2.0°С во Скопје, 2.3°С во Струмица, 2.5°С во Штип, 2.7°С во Охрид и 3.1°С во Д.Капија, информираат за МИА од УХМР, додавајќи дека евентуалните вредности над просекот нема да надминат 1.0-2.0°С.

Во поглед на врнежите, според Управата, постои консензус дека глобалните климатски показатели не даваат јасен сигнал за веројатноста количината на врнежите во текот на зимата да е под, над или со просечна вредност.

-Сепак, додаваат, предвидувањата се дека зимава врнежите ќе бидат просечни или малку над просекот. Во апсолутни вредности, за Македонија очекуваните врнежи се од 50 до 100мм/м2 месечно или од 100-350мм/м2 за целата сезона. При тоа, во источниот дел од државата тие ќе се до 25% над просечната вредност.

Метеоролозите напоменуваат дека е можна појава на подсезонски настани и дека е можна појава на зимски непогоди како зимски бури, многу ладни или многу влажни епизоди, кои се појавуваат одненадеж и кои можат да доведат до значителни локални социо-економски влијанија.

Просечна температура во зима од -1.5 С во Маврово до 5.0 С во Гевгелија

Во Македонија во текот на зимата средните месечни температури на воздухот се негативни за повисоките планински места, и над нулата во рамничарскиот дел. Зимската средна температура во Гевгелија изнесува 5.0С, во Скопје 2.0С, а во Берово -0.3, во Лазарополе -1.1 и во Маврово-1.50С.

Просечната сума на врнежи во зима се движи од 322мм Лазарополе, 315мм во Маврово, 206мм Гевгелија, 179мм Битола, 110мм Скопје и во Штип 91мм.

Средните месечни температури на воздухот во зимските месеци се негативни за повисоките планински места, и над нулата во рамничарскиот дел од Републиката. Така, зимската средна температура во Гевгелија изнесува 5.00С, во Скопје 2.00С, а во Берово -0.3, во Лазарополе -1.1 и во Маврово-1.50С.

Најмногу врнежи има во Лазарополе – 65 денови паѓа снег

Просечната сума на врнежи во зима, пак, се движи од 322мм Лазарополе, 315мм во Маврово, 206мм Гевгелија, 179мм Битола, 110мм Скопје и во Штип 91мм.

Првата појава на снег во просек се забележува на 26 ноември во Скопје, на 2 декември во Штип, на 23 ноември во Битола, во Берово на 15 ноември, Маврово на 3 ноември, Крушево на 4 ноември, Лазарополе на 30 октомври, Попова Шапка на 18 октомври итн.

Најмногу денови со врнежи од снег во текот на зимата има во Лазарополе 65 денови, а најмалку во Гевгелија пет дена.

Просечно првата снежна покривка во Скопје се јавува на 10 декември, во Штип 9 декември, Битола 2 декември, Берово 21 ноември, Маврово е 11 ноември, Крушево 15 ноември, Лазарополе 4 ноември, Попова Шапка 20 октомври итн.

Просечен број на денови со снежен покрив во Скопје изнесува 11 денови во јануари.

Најмногу врнежи измерени во текот на зимските месеци, како што ни посочуваат од УХМР, е во Гевгелија и изнесува 130 мм на метар кубен.

Најстудено било на 27 јануари 1954 година со измерени -31.6С

Најниска температура што е регистрирана на територија на Република Македонија е -31.60 С во Берово на 27 јануари 1954 година. Тој ден во Битола се измерени -29.40С, Лазарополе-23.00С, Скопје-Петровец 19.60 С, Гевгелија 11.00С, Штип -22.7 С…

Ниски температури под 20 степени се измерени и на 7 јануари 1993 година кои се движеле од -30.4 С во Битола, -27.3 С во Струмица, -24.6С во Скопје-Петровец, -23.2 С во Демир Капија, -21.5С во Берово и -20.8 0С во Штип итн.

Во 2001 година, во декември исто така, се забележани екстремно ниски температури. Во периодот од 19-21 декември апсолутните минимални температури во Републиката изнесувале -25.5°С во Струмица, -24.6°С во Берово, -22.7°С во Прилеп, -22.0°С во Штип, -21.7°С во Демир Капија, -19.9°С Маврово, -19.0°С К.Паланка, -16.6°С Скопје и -10.6°С Гевгелија.

Најниската темпратура измерена во Скопје изнесува -26.6 С на 13 јануари 1985 година.

Студен бран со температури над минус 20 степени имаше и во 2016 година.

Минатата зима (декември 2017-јануари 2018) беше потопла од вообичаено, споредено со многугодишните вредности за степен до два, а во Битола дури за три степени. Количеството на врнежи исто така беше надпросечно, на некои места и двојно повеќе од просекот. И покрај тоа, од УХМР наведуваат дека регистрирани се денови со ниски температури, така што најниската апсолутно минимална температура на воздухот минатата година е забележана во Маврово од -13.0°С, потоа во Берово -12.9°С, во Лазарополе -12.5°С, во К.Паланка -10.0°С, во Скопје -8.5°С, во Прилеп и Штип -7.5°С, во Битола -7.4°С, во Струмица и Д.Капија -6.8°С, во Гевгелија -6.4°С, а во Охрид -6.1°С./МИА.

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот да преземе одговорнст

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

Киев: Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Русија ги засили нападите врз украинската железничка инфраструктура со цел да го попречи движењето на воениот товар што вклучува помош од Западот, изјави денеска висок украински безбедносен извор, јавија француските медиуми, пренесува порталот Баронс.

Зголемувањето на смртоносните напади има за цел да ги уништи железничките постројки и да ги „парализира испораката и движењето на воениот товар“ пред планираната руска офанзива, тврди изворот. - Тоа се стандардни чекори пред офанзива, додава тој.

Русија денеска соопшти дека користела проектили и артилерија за да ја таргетира железничката инфраструктура и западното оружје што се транспортира по железница во Украина.

Московското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили го погодиле „западното оружје и воената опрема“ што се транспортирале по железница еден ден претходно во регионот на Доњецк, а цел биле и железничките објекти во регионот Харков. /МИА

притисни ентер