Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа - Канал 5

Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа

Искушението да се вклучиме во корупција е исто во сите земји, разликата е во тоа дали постојат институции што ќе ја спречат корупцијата, дали имате законодавство, политичка волја, или доволно јавен притисок за да ја спречите. 

Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа

Токму тука лежи разликата меѓу земјите. Затоа, најмногу зависи од политичката волја на владејачката елита, да се направи јавен притисок од страна на граѓанските организации или од организации што вршат мониторинг.

Ова денеска го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на региналната конференција за состојбите во јавните набавки „Антикорупциски механизми и улогата на засегнатите страни", во организација на „Балкан тендер воч", коалиција на граѓански организации од државите на Западен Балкан.

Истакна дека јавните набавки се едно од првите поглавја во преговорите за членство со ЕУ и кога станува збор за набавките, инвестирањето во јавни проекти е од клучно значење за економскиот и социјалниот развој на секое општество, под услов парите на граѓаните да се вложуваат во инфраструктурни проекти што ним ќе им служат.

– Кога ќе прошетате низ Скопје ќе видите дека тоа беше случај во последните години. Тоа се однесува на училиштата, болниците, или пак изградба на брани. Овие проекти се со големи буџети и што подразбираат комплексни планови за нивна испорака. Но од друга страна, овие проекти, имајќи го предвид буџетот, обезбедуваат голем број можности за корупција. Оттука истрагите на СЈО даваат голем број примери за тоа како корупцијата била направена во рамки на јавни набавки, дека некои компании или фирми биле доделувани договори поради нивни блиски врски со партиите што се на власт, или како некои компании меѓусебе си ја договарале конкуренцијата, за да си го поделат „колачот", рече Жбогар.

Наведе дека една од последиците во корпуцијата во јавните набавки е зголемениот трошок за услугите и загуба на јавните средства во интерес на поединци, како и намалување на квалитетот во услугите.

Оцени дека недоволната доверба на граѓаните во институциите како последица на копруцпијата, го блокира целокупниот развој на општествата, наведувајќи го примерот со земјава, за тоа како лошата борба против корупцијата, како што рече, доведе до недоволна доверба и до политичка криза во земјата, што траеше долги години.

– Јавните набавки треба да бидат следени и мониторирани од граѓанските организации, и токму затоа нивната улога е многу важна. Во таа насока ЕК обезбедува поддршка на различни проекти и во исто време презентираше шест приоротетни области за подобрување на системот за јавни набавки – соодветно планирање на потребите и навремено истражување на пазарот за цените и достапноста, луѓето кои работат на јавни набавки да не бидат поврзани со политички партии, јавните набавки треба да се дигитализираат за полесно да се спречуваат злоупотребите, процесите да бидат потранспарентни и да бидат предмет на мониторинг од релеватните институции, а исто така и законот да ги заштити свиркачите кои укажуваат на корупција во институциите.

Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека во изминатата година и пол Министерството работело на ново законско решение што ќе соодвевствува со европската пракса и ќе обезбеди транспарентен и ефикасен систем за јавни набавки.

– Затоа изготвивме нов закон за јавни набавки, и исто така правевме дебати во кои го слушавме гласот на невладините организации а дел од нивните предлози беа преточени во решенија. Променети се многу работи во новиот закон, воведовме економски најповолна вредност, како критериум за доделување на договорите и на тој начин добиваме најдобра вредност за средствата што ги вложуваме, работиме и на подобрување на транспарентноста, тоа значи дека институциите се задолжени и пред законот да стапи во сила, да објавуваат повеќе елементи и податоци што се важни за јавните набавки, во целост мора да ги објават склучените договори и анекси на електронскиот систем за јавни набавки, а порано јавноста немаше увид во тоа, посочи тој.

Истакна дека со новиот закон се воведуваат и низа антикорупциски правила со кои ќе се спречи судирот на интереси при вршењето на јавни набавки, а законот ќе вкучува и повеќе можности за малите и средни претријатија во набавките, да ги штити подизведувачите, како и вработените кои учествуваат во договорот.

– Ако сакаме да одиме чекор напред треба да работиме целосно на обезбедување транспарентност бидејќи јавноста, граѓанските организации, медиумите се многу подобар контролор за тоа како се трошат парите на граѓаните што се собираат преку даноци, отколку некоја комисија или институција, и ако сакаме да одиме напред треба целосно и да ги отвориме податоците и да работиме на финансиската писменост, заклучи Тевдовски.

На конференцијата беше дистрибуиран и извештај за јавните набавки „Извештај во сенка – Јавните набавки во Македонија: меѓу старото и новото", изработен од Балкан тендер воч и Центарот за граѓански комуникации.

Во извештајот се наведува дека состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 се уште се наоѓа меѓу се уште важечкиот „стар" и многу критикуван Закон за јавни набавки и изработениот „нов" закон, што би требало да ги поправи работите, но се уште чека на усвојување во Собранието.

Податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), владината он-лајн платформа преку која се спроведуваат јавните набавки, покажуваат рекорден пад од 35 отсто на вредноста на јавните набавки во Македонија во 2017, во однос на претходната година. Ако во 2016 достигнувале 962 милиони евра, во 2017 паднале на само 625 милиони евра и се намалиле за 337 милиони евра. Досега нема официјално објаснување за ова огромно намалување на вредноста на јавните набавки во 2017 – ниво, кое според досега расположливите податоци ќе се задржи и во 2018, се наведува во извештајот.

На конференцијата учествуваат релевантни чинители од државните институции, приватниот сектор, медиумите и граѓанските организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Конференцијата е дел од проектот финансиран од ЕУ чија цел е зголемување на влијанието на граѓанските организации од Западен Балкан врз антикорупциските политики и практики во јавните набавки преку искористување на процесот на европските интеграции како трансформативна агенда. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер