Прва кривична пријава против актуелен министер на ДУИ - Канал 5

Прва кривична пријава против актуелен министер на ДУИ

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и неговиот претходник Лирим Шабани.Се сомничат за незаконска исплата на хонорари во висина од околу 37 илјади евра.

Прва кривична пријава против актуелен министер на ДУИ

Финансиската полиција со кривични пријави против министрите кои беа на чело на Министерството за локална самоуправа од 2015 до 2017. Во пријавата опфатени се уште две лица – државна советничка за европски интеграции и одговорна за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија. Министер за локална самоуправа од 2014 до 2016 е Љирим Шабани, а од јуни лани на таа функција е Сухејл Фазлиу кој дојде на предлог на Алијанса за Албанците. Според Финансиска полиција незаконски исплатиле хонорари од околу 37 илјади евра.

,,Склучиле, потпишале и исплатиле четири Договори за дело за користење на ителектуално консултанстки услуги помеѓу Министерството и трето и четвртопријавените кои се во редовен работен однос во Министерството, а кои како наводно дополнително ангажирани лица преку Младинска Агенција – Скопје незаконски примиле парични средства во износ о 2.198.243.

Актуелниот министер Фазлиу тврди дека случајот е затворен пред една година кога на негово барање парите биле вратени. На првиот човек на Финансиската полиција пак му порача да се занимава со реалните злоупотреби.

,,Апелирам до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.

Екс министерот Шабани пак во изјава за Плусинфо вели дека Министерството не е оштетено бидејќи вработените ги вратиле парите, а пријавата против него и неговиот наследник е за несовесно работење, односно дека како раководни лица потпишале решенија за патни налози, патни трошоци и дневници за двете вработени.

,,Станува збор за странски донации од ИПА фондови. Двете вработени во неколку наврати беа на евалуација на проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Од 2015 до 2017 легално зедеоа по повеќе од 12.000 евра за дневници и патни трошоци. Ревизорите од ИПА утврдилја дека парите биле ненаменски потрошени. Она што е непознато за јавноста е дека двете вработени после ги вратија парите.

Според Финансиска, за да прикријат трага наместо лични податоци, во договорите за хонорарите на советничката и одговорната наместо лични податоци било наведено „експерт бр. 12“ и „експерт бр. 13”.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина алпинисти од БиХ загинаа на планината Елбрус, објавија руските медиуми

Петмина босанско-херцеговски алпинисти загинаа на планината Елбрус во Русија, објави рускиот портал Lenta.ru.

Петмина алпинисти од БиХ загинаа на планината Елбрус, објавија руските медиуми

Само двајца членови на експедицијата успеаја да ги преживеат екстремните услови на планината, пренесе Кликс.

Повикувајќи се на информации од рускиот Телеграм канал Shot, руските медиуми објавија дека само двајца членови на групата за искачување преживеале. Еден човек успеал сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата преживеани се хоспитализирани и моментално се прегледуваат од лекари.

Веста дека група туристи биле заробени на Елбрус и не можеле да се симнат од планината се појави на 25 јули. Според локалните водичи, временските услови за искачувањето првично биле релативно поволни. Сепак, времето нагло се влошило, со брзина на ветерот која достигнала 45 километри на час, а до утрото се засилила на катастрофални 70 километри на час.

Истражната дирекција на Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија претходно објави детали за почетокот на оваа драма и потврди дека е започната истрага.

Според прес-службата, на 25 јули, група од седум лица тргнала да го освои Елбрус. Еден од алпинистите успеал да се спушти и пријавил дека двајца членови на групата се разболеле на надморска височина од 5.100 метри.

„Според достапните информации, тие починале. Потрагата по уште четворица алпинисти е во тек“, објави тогаш Рускиот истражен комитет.

За жал, подоцнежните информации што ги објавија медиумите ги потврдија најлошите стравувања - бројот на жртви се зголеми на пет, а од четворицата алпинисти по кои се бараше, само едно лице беше спасено.

Врвот Елбрус е највисокиот врв во Европа и Русија, но е познат по своите исклучително сурови и непредвидливи услови. Како потсетник за опасностите од оваа планина, руските медиуми известуваат дека само неколку дена претходно, на 19 јули, единаесетгодишно момче починало за време на искачувањето, додека неговиот татко бил тешко повреден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)

Опра Винфри откри дека сè уште смета дека една одлука во нејзината кариера е голема грешка. 

Опра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)

Во гостувањето во подкастот „Бејби, ова е Кеке Палмер“, таа се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој во 1999 година послужи како воведна шпица за 13-тата сезона на нејзиното иконско ток-шоу „Шоуто на Опра Винфри“. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзина работа.

Во времето на создавањето на песната, Винфри размислувала дали да продолжи да ја води емисијата или да се сврти кон нови деловни предизвици. Таа рекла дека во тоа време се молела за одговор, а инспирацијата ја пронашла во старата духовна „Run On“, која зборува за фактот дека човек не може да избега од вистината и од сопствените постапки. „Исус ми рече: „Мора да продолжиш“, рекла таа, објаснувајќи зошто одлучила да ја сними својата верзија на песната, според „Пипл“.

YouTube video

Призна дека пеењето била нејзина голема грешка

Иако во тој момент ѝ се чинеше дека донела правилна одлука, денес таа гледа на таа музичка екскурзија сосема поинаку. „Сфативме дека не можам да пеам, иако земав часови по пеење“, призна таа. Кога Кеке Палмер ѝ кажа дека песната не е толку лоша како што мислеше, Винфри одговори со насмевка: „Го кажуваш тоа само затоа што ме гледаш во очи. Беше доста лошо.“

Подоцна откри дека тоа сепак не е нејзиното најголемо жалење во кариерата. Таа рече дека не жали што го завршила „Шоуто на Опра Винфри“ во 2011 година, туку дека во исто време ја започнала својата телевизиска мрежа, OWN.

„Не би ја рестартирала сопствената мрежа и би ја завршила емисијата во исто време. Тоа е единственото нешто за кое жалам“, рече таа, додавајќи дека требало да земе една година пауза пред да се впушти во нов голем проект.

Денес, вели дека најмногу ужива во едноставните работи и потивкиот начин на живот. „Кога е дождлив ден, го сакам животот“, рекла таа. Додала дека дождот, каминот, ќебето, кучето и добрата книга ѝ носат најголема среќа бидејќи тогаш нема притисок или очекувања од другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.

Утре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини

Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени.

Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот.

Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер