МТСП: Негата за трето лице и понатаму ќе се исплаќа, се унапредуваат и други права

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во Предлог- законот за социјална заштита којшто е во завршна фаза на подготовка не ги крати, туку ги унапредува правата на лицата со попреченост. 

При подготовката направени се конултации со засегнатите страни и е разговарано со здруженијата на лица со попреченост, самите лица со попреченост, како и со родителите на децата со попреченост и земени се во предвид нивните барања и сугестии, порачуваат од Министерството.

Нагласуваат дека лицата со попреченост ќе продолжат да го остваруваат правото на надосместок за помош и нега од друго лице, заедно со второто право, односно правото за пореченост.

-Се воведуваат две нови услуги во Законот , односно услугата за Лична асистенција и услугата Домашна нега. Ови две услуги ќе може да се користат без разлика дали лицето користи некое од паричните права споменати погоре. Правото за попреченост кое досега го користеа само лицата со телесна попреченост, потполно слепите и потполно глувите лица, со новиот Закон ќе можат да го користат и лицата со интелектуална попреченост, велат од МТСП.

Додаваат дека се зголемува и висината на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и се покачува на 50 отсто од просечна нето плата во државата.

– Висината на Гарантираната минимална помош се зголемува за 0,5 отсто за првиот член, ако е лице со попреченост, односно за 0,2 отсто за секое следно лице со попреченост во семејството, но најмногу за три члена. На овој начин се добива поголем износ на средства. Се проширува и правото на траен надоместок за самохран родител кој се грижел за дете со попреченост. Со новиот Закон правото ќе важи за сите родители, не само за самохраните, посочуваат од МТСП.

Правото на траен надоместок,појаснуваат, го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без тоа да биде сместено во установа за социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.

-Се воведува нова услуга за одмена на семејна грижа, која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив. Ќе се зајакнува услугата за самостојно живеење со поддршка. Се воведуваат нови форми на згрижување , како што се привременото згрижување и роднинското згрижување, потенцираат од МТСП.

Сите овие новини,посочуваат, значително ќе ги зголемат правата на лицата со попречност, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто ќе имаат пристап, ќе се преземат сериозни активности и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување. /МИА

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер