Киев: Ја предупредуваме Москва, ќе испратиме воени бродови

Украинското министерство за одбрана ја предупреди Русија дека ќе испрати воени бродови низ Керчкиот теснец, во кој Русија заплени три украински брода.

Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак пред новинарите изјавил дека неговата земја има намера да испрати воени бродови низ Керчкиот теснец, наведувајќи дека во спротивно Русија во целост ќе го окупира Азовското море.

Украина има пристаниште и во Црното и во Азовското море, кои се поврзани со Керчкиот теснец, пренесува „АП“.

Повеќе од 140 брода денеска се наоѓаат на двете страни на теснецот поради прекумерни проверки и одлагања од руската страна, соопшти Украинската погранична служба, обвинувајќи ја Русија дека создава тесно грло за украинските бродови и ги спречува да поминат.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, претходно изјави дека Москва е подготвена да разговара за судбината на посадата на украинските воени бродови кои ги заплени, откако нивното судење ќе биде завршено.

САД и Европската унија ја повикаа Русија да ги ослободи 24 украински војници кои Русија ги уапси на 25 ноември во Керчкиот теснец обвинувајќи ги дека незаконски влегле во руските територијални води и покрај предупредувањата тоа да не го прават.

„Ројтерс“ потсетува дека Украина тоа го негира.

Зборувајќи на конференцијата за новинари во Милано, каде се одржува министерскиот состанок на ОЕБС, Лавров изјави дека Русија ќе биде подготвена да разговара за судбината на морнарите и можноста за постигнување на некој вид договор со Украина, дури откако нивното судење во Крим ќе биде завршено.

Агенцијата напомнува дека се уште не е утврден датумот за почетокот на нивното судење.

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Силјановска – Давкова: Пендаровски не дојде на дебата на МТВ, ќе дебатирам со празно столче

Кандидатот за претседател на државата гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот стево пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

притисни ентер