Ново рочиште за „Титаник"

 Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за изборни нерегуларности „Титаник" на специјалното јавно обвинителство.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со читање на смс комуникација меѓу обвинетите, предложена од обвинителството.

Во „Титаник" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Судот на минатото рочиште го прифати барањето на обвинителството и одреди 30-дневен притвор на поранешиот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. 

Мицкоски: Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Народот ќе ви врати на следните избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестениот марш во Велес.

-Да им порачаме - Македонија е вечна, а власта не е. Повеќе од 19 месеци се централна влада во Македонија и повеќе од една година се локално раководство во најголемиот дел од градовите во Македонија. Но, за ова време има само црнила и темнина. Не ги исполнија ветувањата и не ги реализираа очекувањата, рече Мицкоски .

„Велеа живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа и затоа овде од Велес ќе им порачам- колку побрзо заминете, толку побрзо ќе и` се раздени на Македонија, а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори. Овој народ ќе ви врати на следните претседателски избори“.

Кој ќе биде амнестиран за 27 април - пратениците сеуште без финален договор

Законот за амнестија и покрај претходните најави утре нема да се најде пред пратениците.

 Текстот е подготвен но треба да го разгледаат и одобрат партиските органи и правните експерти. Од собраниската подгрупа за помирување засега нема информација кога ќе биде обелоденет целиот текст на законот.

Но од она што е познато е дека од кривичен прогон ќе бидат ослободени инволвираните во настаните од 27 април лани, но не и оние кои веќе се осудени, оние кои извршиле насилство помеѓу кои и лицата кои со фантомки влегоа во собранието, оние кои го спровеле и организирале крвавиот четврток, како и оние кои имале командна одговорност.

Целта како што велат од телото за помирување е законот да постави рамки во кои ќе се опишат дејствијата кои не можат да бидат амнестирани, а Кривичниот суд и Обвинителството да го имаат последниот збор врз основа на доказите да ценат дали законот важи за лице кое ќе се повика на амнестија.

И додека дел од експертите се на став дека со Законот за амнестија се врши упад во судската постапка која се води, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар вели дека коментар за амнестијата ќе даде откако законското решение ќе стане официјално.

Обвинителката Вилма Рускоска по последното судско рочиште за најголемиот предмет за собраниските насилства рече дека не размислува за преквалификација на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, кои им се става на товар на 31 од обвинетите.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ го чека текстот на законот, но засега нивниот став останува непроменет дека селективната правда не е правда.

Фото: Генералот Ангелов и Абедин Зимбери во Липково положија цвеќе за загинатите цивили

Ветераните од конфликтот во 2001 година во Македонија, Стојанче Ангелов и Абедин Зимбери положија цвеќе на гробовите на колатералните цивилни жртви во Липково.

И двајцата повикаа на помирување  од нивната силно емотивна средба во Липково генералот Ангелов објави запис.

Прв пат, после 17 години, собрав сила да го посетaм т.н. Кризен, кумановско-липковски регион. Местата на кои во 2001-та се одвиваа неколку жестоки битки ми ги покажа, никој друг, туку лично мојот тогашен воен непријател, командантот на воената полиција на УЧК во овој регион, Абедин Зимбери, пишува Ангелов.

Меѓу другото „верувај ми, безмалку сите Албанци во овој регион живеат тешко. Многу тешко. И не само овде. Поголемиот дел од Албанците, насекаде низ Македонија, живеат тешко“, му рекол зимбери.

За тоа, кој победи во 2001-та, никогаш нема да се согласиме, но, за тоа, кој изгуби во 2001-та, целосно сме согласни.

Во 2001-та, во Македонија, изгубија сите. Изгубија Македонците, изгубија Албанците, изгубија сите македонски граѓани, пишува меѓу другото ангелов од емотивната средба во Липково.

притисни ентер