Утре и задутре во прекин сообраќајот од граничниот премин „Хани Елези" – Качаник

Поради изведување градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани Елези" – Качаник, утре и задутре ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово.

Како штѕо соопшти МВР, прекинот во сообраќајот утре ќе биде во периодот од 9:00 до 12:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот, а задутре (петок) во времето од 07:00 до 17:00 часот.

Во ноќните протести во Каталонија настрадале 24 полицајци

Најмалку 24 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Каталонија во текот на изминатата ноќ.

Според процените, вкупно во протестите кои продолжија и утрото учествуваат над 20.000 луѓе, кои поставуваат барикади, палат контејнери за отпад и автомобил, а исто така фрлаат „молотови коктели“ и киселина врз полицајците. Како одговор, безбедносните сили користат палки и гумени куршуми.

Масовните безредија во шпанската покраина Каталонија траат веќе трет ден, откако Врховниот суд на Шпанија осуди на високи затворски казни дванаесет каталонски поранешни функционери и активисти поради организирање на референдумот за независност.

Од средата блокирани се делови од железницата и сообраќајниците. Демонстранти од пет градови тргнаа на „маршевите на слободата“. Тие во петок треба да пристигнат во Барселона, кога е закажан генерален штрајк во покраината.

Ердоган го фрлил во корпа за смет писмото на Трамп

Турскиот претседател Ердоган го фрлил во корпа за смет писмото кое пред неколку дена му го испратил американскиот колега, Доналд Трамп, објавуваат турските медиуми.

Трамп, на денот на почетокот на турската акција во североисточна Сирија, му напишал писмо на Ердоган дека  ако ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, тој во историјата ќе биде запаметен како ѓавол.

Не сакате да бидете одговорен за масакр на илјада луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија. Не биди лошо момче, не биди будала, навел Трамп во писмото, што на Твитер го објави новинарка на Фокс.

ВМРО-ДПМНЕ: За Заев е поважен Законот за дроги отколку евроинтеграциите

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворање на македонската интеграција за почеток на преговори во ЕУ, туркаат закон за дроги, туркаат закон и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви. 

За Зоран Заев поважен е Законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово, отколку македонските евроинтеграциите. Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој што би се повикувал овој закон.

Зоран Заев, се сретна со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната, по која што средба тој објави дека Македонија ќе се претворела во суперсила на марихуаната. И по таа средба Заев изготви закон со кој што има личен интерес, кон лично богатење, и тоа со европско знаме го достави пред пратениците.

Какво лицемерие, каква злоупотреба на политичката моќ, на позицијата, на политичката функција, каква корупција!

Ова е доказ дека Заев, бизнисменот кој што нема ништо наведено на свое име во анкетниот лист, ја злоупотребува моќта и позицијата за насочување на економските текови на државата во насока на само и само богатење на своите бизниси. Ова е чист случај на корупција и злоупотреба на позиција. Прво неговите компании, неговите семејни бизниси добиваат лиценца за фарми за марихуана, а сега се предлага закон за извоз на непреработена марихуана, за цвет од марихуана.

Згора на тоа, среде одлучувањето за македонските интеграции, Заев предлага закон што ќе ја претвори Македонија во земја извозник на дрога, на цвет од канабис, непреработен во медицинско масло, со што отвора можност сите нарко – картели од регионот да се обидат преку Македонија да изнесуваат дрога во светот.

Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребуваат власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси.

Затоа бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, нив суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во семејните компании или пак компаниите каде што имаат удел политичарите и јавните функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.

Изјава за медиумите на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер