Коѕијас: Заев треба да се притиснe преку ЕУ, НАТО и Нимиц

Изјавите на премиерот Заев за можноста македонскиот јазик да се изучува во Грција, го поткопува и Преспанскиот Договор и Времената Спогодба од 95-тата, изјави Никос Коѕијас.

Изјавите на премиерот Заев за можноста македонскиот јазик да се изучува во Грција, го поткопува и Преспанскиот Договор и Времената Спогодба од 95-тата, вели во интервју за телевизија Антена, поранешниот министер за надворешни работи и творец на Договорот за името, Никос Коѕијас. 

Прашањето - кој јазик ќе се изучува во Грција е единствено во наша надлежност, појаснува Коѕијас, прашан што би направил ако се уште беше дел од Владата на Ципрас.

-Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Во однос на спорниот член 49 од македонскиот устав, тој треба да се промени. Во него треба да има референца, налик на онаа во грчкиот Устав, каде не се зборува за постоење малцинство, кое живее во друга држава, на пример во Германија, изјави Никос Коѕијас, поранешен министер за надворешни работи на Грција

Токму членот 49 од Уставот, како и членот 36, во изминатиов период беа најспорните прашања за Атина. Членот на кој реагира Коѕијас, ќе претпри измени со последниот од четирите предложени амандмани, според кој, македонскиот народ во соседните земји, се менува со македонскиот народ во странство, за да се избегнат иредентистичките елементи.

*Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;

*Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство;

Забелешки на истиот став од овој амандман, има и универзитетскиот професор Фрчковски, кој смета дека македонскиот народ во странство, треба да се замени со зборот дијаспора.

-Третиот став, Републиката се грижи, по мое мислање дека треба да стои само дијаспората.  Републиката се грижи за припадниците на дијаспората. Тоа подразбира што е дијаспора, не се навлегува која дијаспора, вели Љубомир Фрчковски, универзитетски професор

Премиерот Заев на вчерашната прва дебата за уставните измени рече дека македонската влада е во постојани косултации со Грција околу содржината на нацрт-амандманите.

Руско знаме поставено во Сализбери

Знамето во текот на ноќта го поставиле непознати лица, а го тргнале вработените кои ја одржуваат катедралата.

Во Сализбери на 4 март минатата година со нервен гас „новичок“ беа отруени поранешниот агент на КГБ Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие беа пронајдени онесвестени на клупа во паркот во центарот на Сализбери.

Ахмети: Има волја за да се постигне договор за консензуален претседателски кандидат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово зборува и за претседателските избори во земјата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово зборува и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружи раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбиле.

-Сега, јас ја испружив раката, но албанските  опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови  и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. Во понеделник ќе има средба на коалициските партнери.  Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор  помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат во понеделник, истакнал Ахмети. /МИА

Трамп ќе употреби вето ако Конгресот гласа против ѕидот

Претседателот на САД Доналд Трамп подготвен е за прв пат да употреби вето.

Ако Конгресот биде против неговата објава на вонредна состојба долж границата со Мексико, Трамп ќе употреби вето. Тоа за ТВ Фокс го изјавил Стивен Милер, висок советник на Трамп.

- Тој ќе ја заштити својата објава за вонредна состојба, рекол Милер на прашањето дали Трамп ќе употреби вето ако Конгресот не ја поддржи неговата одлука, пренесе АП.

Трамп вонредната состојба на границата со Мексико ја објави во петокот со желба да го избегне Конгресот за финансирањето на ѕидот кон Мексико, на што се спротивставуваат демократите и одбиваат во буџетот да бидат вклучени 5,7 милијарди долари колку што се потребни за неговото градење.

притисни ентер