Вработените во еден крематориум во Кина доживеале вистински шок кога мртво бебе кое го подготвувале за кремирање заплакало , само неколку секунди пред да биде ставено во печката.
Бебето по име Ан Ан е родено пред време.
Неговите родители решиле да си го земат бебето од болница за кинеската Нова година, меѓутоа не бебенцето му се влошила состојбата, имало срцев напад на патот кон болницата. Лекарите потоа можеле само да ја констатираат смртта. Тажниот татко го земал мртвото тело од болницата го замотал во ќебенце и го однел во мртвачница.
-По 15 часа ги започнавме подготовките за погребот кога не исплаши плач . Не знаевме што се случува, многу се исплашивме, раскажал еден од вработените во крематориумот.
Малиот Ан Ан минал цели 15 часа во мртвачницата, на температура од – 12 степени Целзиусови . Сега сите се прашуваат како бебето оживеало и преживеало во такви услови.
„Веднаш го повикавме таткото на бебето и му кажавме дека неговиот син е жив, изјавил работник во мртвачницата за медиумите. Докторите овој случај го опишуваат како чудо.