Mинистерот за култура Асаф Адеми се обрати на Третата светска конференција за туризам и култура во Турција

Mинистерот за култура Асаф Адеми денеска имаше официјално обраќање во рамките на Третата светска конференција за туризам и култура „За доброто на сите“.

Која се одржува од 3 до 5 декември во Истанбул, Турција, во организација на Владата и на Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација (UNWTO) и УНЕСКО.

Во своето обраќање пред присутните високи претставници на повеќе земји во светот, министерот Адеми се осврна на повеќе аспекти во насока на зацврстување на соработката меѓу чинителите во туризмот и во културата. Тој потенцираше дека оваа конференција е убава можност да ги споделиме нашите искуства и сознанија од сферата на културата и нејзината поврзаност со туризмот како фактори што влијаат врз целокупниот општествен развој.

„Сакам во оваа пригода да истакнам дека Република Македонија е мултикултурна и мултиетничка држава со импресивно културно наследство, недвижни добра од профана и сакрална архитектура, археолошки локалитети и споменични целини од различни временски епохи. Овие знаменитости се основен атрибут за развој на културниот туризам и токму затоа континуирано настојуваме тие да бидат презентирани, во најразлични форми, на светските саеми и берзи на туризмот“, нагласи министерот за култура. Тој информираше дека во изминатите години беа поддржани повеќе изложби на непроценливото културно богатство на релевантни локации во големите културни метрополи, кои силно влијаеја на интересот за нашата држава и на зголемувањето на бројот на туристите.

Министерот ги спомна и заложбите за промоција на Република Македонија во меѓународен контекст преку впишувањето на културни добра на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Во текот на утрешниот ден, министерот за култура Адеми ќе оствари и билатерална средба со министерот за култура и туризам на Република Турција Мехмет Нури Ерсој, како и со колегите од земјите учеснички на овој значаен собир.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

притисни ентер