Захарова контра Порошенко : Русија ,а не Украина ја штити Европа од варварство

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својот ФБ профил напиша дека Русија е таа што ја штити Европа од варварства , а не Украина.

Захарова му одговори на украинскиот претседател Петро Порошенко , кој рече дека Русија има намера да го заземе Мариопол и Берданск.

,, Поради актуелниот режим во Киев , денешна Украина ја карактеризираат маршеви на екстремисти и паравоени групи , војна против сопствениот народ , пропаганда и манипулација како клучно средство за владеење, провокација како надворешно политички концепт , корупција , заплашување на новинари и контрола над масовните медиуми.” напиша Захарова на Фејсбук.

Украина , додаде портпаролката контра претседателот, исто така ја карактеризира и национализмот како национална идеја , диктат на полициските агентури , недостаток на механизмио за јавна контрола и ерозија на институциите на власт.

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

притисни ентер