Мицкоски во посета на Кавадарци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ , Мицкоски посочи дека и жителите на Кавадарци како и сите граѓани на Република Македонија силно ги чувствуваат црнилата на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

Тој потенцираше дека последиците од тие црнила се чувствуваат и во економијата, каде убедливо сме заковани на дното во Европа, и сме единствена земја во Централна и Југоисточна Европа со негативен биланс на странски инвестиции за што потврда дојде и од НБРМ која потврди дека во третиот квартал имаме одлив на странски инвестиции.

Мицкоски се осврна и на земјоделието истакнувајќи ситуацијата е алармантна, а Владата нема никаква понуда и политика ниту пак има трајно решение кое што на подолг рок ќе обезбеди пласман за родот на земјоделците.

- Не така далеку во кампањата на плоштадите ширум Македонија велеа сигурен пласман за земјоделските производи ние ќе обезбедиме, нема да остане ниту парче земјоделски производ непродаден, ние сме тие кои што ќе ги обезбедиме, за да сега по две години откако се во Владата, и се укотвија во меките фотелји, по истите тие плоштади шетаат со подведена глава и велат велат не може да обезбедиме криза е, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека цената која што ја плати Македонија затоа што Заев е премиер е преголема и таа цена е националното омаловажување и понижување со договорот во Нивици и сите економски промаршувања и црнила во образованието, здравството, земјоделците, пензионерите и младите.

Тој вели дека Заев не спремен ни да ги спроведе реформите во правосудството, но затоа видовме како е способен да ги прислушкува, да монтира уреди како би можел предвреме да ги слуша пресудите за да може да организира прес конференции каде ќе ги погодува годините.

- Еве видовме зошто ги погодувал и судските пресуди и годините затвор, и заштитените сведоци ги знаел, затоа што не само што со бомбите го контаминираше целокупното општество, не само што уништи животи со тие креирани, монтирани материјали, нелегално стекнати туку продолжива и сега повоторно не бил тој виновен, не бил Оливер Спасовски виновен, не бил СДСМ, повторно бил некој таму виновен од порано, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека граѓаните веќе се свесни за сите црнила и темнини и тоа ќе го покажат на следните редовни или предвремени парламентарни избори кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија жестоко ќе го поразат Зоран Заев. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ја донесат зората која што ќе ги победи овие црнила кои што Зоран Заев заедно со СДСМ и ги приреди на Македонија.

Германска компанија лансира во вселената ракета на парафински погон (ВИДЕО)

Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета напојувана со парафински восок која ќе може да носи комерцијални сателити.

„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, објави шефот на компанијата Марио Кобалд.

Дванаесет метри долгата и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.

Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на парафински восок или течен кислород.

Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштедиле до 50 проценти.

Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра.

HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“.

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.

Доктор Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.

„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува во видео пораката д-р Милена Стевановиќ.

Во ова видео обраќање таа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.

Бојан Маричиќ во ова заедничко обраќање ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.

Маричиќ порачува со д-р Стевановиќ Македонија и македонското општество ќе „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на Инфективната криза за време на пандемијата од Ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ во видео пораката.

Маричиќ порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.

„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со д-р Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1, се наведува во партиското соопштение.

ОН: Израелски копнен напад на Рафа би можело да доведе до масакр

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава.

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафа, каде што се засолниле речиси милион луѓе.

„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат главно од Рафа“, рече портпаролот на ОЦХА, Јенс Лаерке, на брифингот во Женева.

Хуманитарните активности од Рафа вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречи големиот број жртви.

„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.

Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.

притисни ентер