Утре пленарна седница за уставните измени - Канал 5

Утре пленарна седница за уставните измени

Нацрт уставните амандмани утре за првпат ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница.  За нивно утврдување потребно е да гласаат најмалку 61 пратеник.

Утре пленарна седница за уставните измени

Тука не се очекуваат некои поголеми поместувања, со оглед на тоа што е потребно само просто мнозинство, но утрешното гласање ќе биде индикатор за позиционирањето на осумината пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, чија поддршка стана незивесна по приведувањата на неколкумина поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Заев пак очекува дополнителна поддршка за уставните амандмани во финалната фаза. Предвидува заокружување на процесот до средината на јануари.

„Нацрт амандманите беа јавно објавени и беа дадени одредени сугестии, што помагаат многу и на Владата како овластен предлагач. Во следната фаза верувам дека постои можност и многу други пратеници да ги поддржат конечните амандмани, затоа што некои најавија дека еден дел од тоа е прифатливо. Грција нема проблем со тоа што се сугерира, барем во еден дел“, изјави Заев.

Процесот за промена на уставот започна на 19 октомври, кога две третини од праламентарниот состав, односно 80 пратеници дадоа поодршка за пристапување кон отворање на највисокиот правен акт. Две недели подоцна, на 2-ри ноември владата изготвените нацрт амандмани ги достави до собранието. Претресот по нив во собраниските комисии започна на 7-ми и траеше до 11 ноември. Се одвиваше пралелно и во законодавно правната и во комисиајта за уставни прашања, и заврши за пет дена, наместо предвидените 12 според собранискиот деловник. Спикерот Џафери веднаш по доствувањето на нацрт-амандманите во обранието ја закажа пленарната за 1-ви декември.

19-ТИ ОКТОМВРИ – СОБРАНИЕТО ПРИСТАПУВА КОН ОТВОРАЊЕ НА УСТАВОТ

2-РИ НОЕМВРИ – ВЛАДАТА ГИ ОДСТАВУВА НАЦРТ УСТАВНИТЕ амандмани ДО СОБРАНИЕТО

ОД 7-МИ НОЕМВРИ ДО 11-ТИ НОЕМВРИ - КОМИСИЈАТА ЗА УСТАВНИ ПРАШАЊА ЗАКОНОДАВНАТА-ПРАВНАТА КОМИСИЈА РАСПРАВААТ ПО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ НАЦРТ АМАНДМАНИ (РАСПРАВАТА ИСЦРПЕНА ЗА 5 ДЕНА, НАМЕСТО ПРЕДВИДЕНИТЕ 12 ДЕНА СПОРЕД СОБРАНИСКИОТ ДЕЛОВНИК )

1-ВИ ДЕКЕМВРИ УТВРДУВАЊЕ НА НАЦРТ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ

ОД 3-ТИ ДО 8-МИ ДЕКЕМВРИ ДЕКЕМВРИ – РАСПРАВА ПО НАЦРТ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ

0Д 8-МИ ДО 13-ТИ ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НАЦРТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ (СПОРЕД СОБРАНИСКИОТ ДЕЛОВНИК МАКСИМАЛНИОТ РОК Е 12 ДЕНА, ПО 3 ДЕНА РАСПРАВА ЗА СЕКОЈ ОД ЧЕТИРИТЕ АМАНДМАНИ)

ОД 13-ТИ ДО 15-ТИ ДЕКЕМВРИ – ВЛАДАТА ИМА РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈ ОД ЈАВНАТА ДЕБАТА ДО СОБРАНИЕТО

15-ТИ ЈАНУАРИ – ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ (СПОРЕД ДЕЛОВНИКОТ 30-ДЕНА РОК ЗА ОД ДОСТАВУВАЊЕТО НА ПРЕДЛОГ АМАНДМАНИТЕ ДО ОДРЖУВАЊЕ НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА ЗА НИВНО УСВОЈУВАЊЕ)

Очекувањата на собранискиот спикер Талат Џафери се втората фаза од уставните измени да заврши до најдоцна до 18-ти декември. Џафери очекува пленарната седнциа на која ќе се разгледуваат четирите нацрт амандмани поединечно да заврши побрзо од законски предвидениот рок од 12 дена, односно расправата да заврши за трае околу 5 дена, колку што треше и на собраниските комисии.

По усвојувањето на амандманите предлагачот на уставните измени - Владата треба да организира јавна расправа од пет дена, по што има два дена да подготви извештај и да го достави до Собранието. Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на предлог-амандамните. Конечната одлука за нивно усвојување се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на преамбулата освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

YouTube video

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, ввториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастристигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер