Тој воедно истакнал дека Украина се соочува со „тотална војна“ со Москва.
„Бројот ан тенкови долж границата е тројно зголемен. Бројот на воени единици распоредени низ границата е драстично зголемен, изјавил синоќа на телевизија претседателот Порошенко, притоа не прецизирајќи во кој период се случило тоа.
Исто така украинскиот претседател повикувајќи се на разузнавачки извори навел и дека е зголемен бројот на руски воени бродови во Азовското море.
-Не сакам некој да помисли дека ова е детска игра. Украина се соочува со опасност од тотална војна против Русија, истакнал Порошенко.
Украинскиот претседател исто така истакнал дека во неделата кога биле заплените трите украински бродови се обидел, но не успешно телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
„Истата ноќ, барав разговор со рускиот претседател Путин. Не добив одговор. Поради тоа морав од американската канцеларка Меркел да побарам таа да разговара со Путин за инцидентот, рекол Порошенко.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил „дека немало телефонски контакт меѓу двајцата претседатели“.