Јужна Кореја ја затвори најголемата кланица за кучиња

Властите во Јужна Кореја денеска почнаа со уривање на комплексот кланици на кучиња Тепјеонг-донг , поради реакциите на активистите за заштита на кучињата.

По иницијатива на активистите кои се борат за забрана на користење кучешко месо во исхраната , почна демонтажата на комлексот кланици. Кучешкото месо има посебно место во јужнокорејската кујна , каде годишно се јадат над милион кучиња.

Последните години потрошувачката на кучешко месо е во опаѓање , поради тоа што помладите генерации сметаат дека кучињата се домашни миленичиња , а не храна.

Комплексот кланици е сместен во близина на Сеул , главниот град на Јужна Кореја , наречен Сеонгнам.

Во него се преработувале наеднаш повеќе стотици кучиња , чие месо потоа им било испорачувано на специјализираните ресторани низ целата земја.

За два дена треба да заврши демонтажата на комплексот кланици и на тоа место да биде направен јавен парк.

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се собираат на плоштадот „Македонија“

Прославата започна, доаѓаат реки од луѓе кон плоштадот, пристинга и дел од раководството на партијата.

Се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да одржи говор пред насобраните граѓани.

На плоштадот „Македонија“ е Дејан Трајковски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

притисни ентер