Американски конгресмен бара САД да им воведат санкции на четворица српски бизнисмени, блиски до власта
1Американски конгресмен бара САД да им воведат санкции на четворица српски бизнисмени, блиски до власта
3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
МакедонијаВлада : Се одобрува кредит за Југохром за набавка на филтри против загадувањеНа 104 седница на Владата е решено да се зголемат средствата за втор повик за купени печки на пелети. Усвоен моделот за реформа на УБК, Предлог-Законот за измени на Законот за судови оди на Венецијанска комисија .На денешната, 104 седница, Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, со план за негово воспоставување. На седницата Владата на РМ го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните органи на државната управа и други институции да ги координира сите активности кои произлегуваат од реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија. На оваа седница, Владата го усвои Предлог-Законот за данокот на личен доход како дел од даночната реформа за воведување на праведен данок и пензиската реформа за обезбедување на стабилен пензиски систем, со одлука предлог-законот да биде испратен на усвојување во Собранието на РМ. Владата денеска одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања. Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на Дом на спортови, и го задолжи Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, во заедничка корелација со Агенцијата за млади и спорт, да обезбеди координација и административна поддршка за целосна реализација на предметниот проект и да ја информира Влада на Република Македонија за реализација на проектот во рок од шест месеци. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независка ревизорска куќа, за потребите на проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на коридор VIII, фаза 1 - делница Куманово – Бељаковце“, финансиран по пат на заем од Европската банка за обнова и развој, како и Информацијата за потреба од доставување на Апликација за инвестициски грант за изградба на заеднички железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Македонија и Република Србија. На денешната седница министрите во Владата на РМ ја разгледаа и усвоија Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка за оформување на хибридна мултифункционална операциона сала со изведување на потребните градежни работи и набавка на потребната медицинска опрема за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија, Скопје. На оваа своја седница, Владата донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собрание на Република Македонија На предлог на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Владата ја разгледа Информацијата за основање на туристичка развојна зона-Матка, општина Сарај, и го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да организира состанок со Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Сарај и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со цел да се интензивира постапката за основање на туристичка развојна зона во општина Сарај. На денешната седница Владата на РМ ги зголеми средствата за поддршка на трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата од 14.000.000, на 21.000.000 денари, и го задолжи Министеството за економија да објави втор Јавен оглас каде право на аплицирање ќе имаaт сите домаќинства кои купувале печки на пелети во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година. Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за статусот и активностите за проектот „Western Balkans Trade and Transport facilitation” предложен од Светска Банка, кој се состои од серија посебни, главно инфраструктурни царински проекти за економска интеграција на земјите од регионот. Владата на Република Македонија на денешната седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански конгресмен бара САД да им воведат санкции на четворица српски бизнисмени, блиски до власта Американскиот републикански конгресмен Џо Вилсон му испратил на државниот секретар на САД, Марко Рубио, список со барања за воведување санкции врз четворица српски бизнисмени.Американскиот републикански конгресмен Џо Вилсон му испратил на државниот секретар на САД, Марко Рубио, список со барања за воведување санкции врз четворица српски бизнисмени, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). На списокот со предлози за санкции се наоѓаат Иван Бошњак и Стојан Вујко од компанијата Милениум Тим, Давор Мацура од Алта Банка и сопственикот на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ. Барањето е испратено до Рубио на 14 октомври, а во него се предлага да им се забрани патување во САД и користење на американскиот финансиски систем, објави РСЕ/РС. Во барањето четворицата бизнисмени се наведени како соработници на Александар Вучиќ, кои „користат јавни ресурси за лично богатење“. „Тие го одржуваат неговиот корумпиран режим, работеле на поткопување на американските интереси во земјата и регионот, а исто така се активно вклучени во местењето на изборите на 25 октомври“, се наведува во барањето. Во барањето за санкции се наведува дека Бошњак и Вујко добиваат бројни коруптивни договори со државата и кинеските компании и дека тоа ги турка западните компании надвор од Србија „во корист на систем базиран на привилегирање на деловни партнери блиски до властите“. „Алта банка се тврди дека е вмешана во афери поврзани со перење пари, додека Пинк ТВ се тврди дека ги консолидира медиумите и служи како пропаганден медиум“, се наведува во текстот. Конгресменот Вилсон оцени дека Вучиќ, како што се тврди, го направил владеењето на правото бесмислено и се обидел да ја уништи демократската конкуренција во Србија. Вилсон го повика Рубио да ги преземе предложените мерки за „да се осигури дека режимот на Вучиќ не може да ги украде изборите“, додава РСЕ/РС. Во својот одговор до РСЕ/РС, Алта банка го отфрли тврдењето дека Алта Груп, Алта Банка или Давор Мацура се вмешани во перење пари, корупција, злоупотреба на јавни ресурси или мешање во изборниот процес, и дека Мацура не е политичар, туку бизнисмен и дека банката работи под надзор на Народната банка на Србија. Во одговорот на тимот на Милениум до РСЕ/РЛ се наведува дека компанијата работи „транспарентно и во согласност со законот“. Компанијата за платежни услуги на Алта Груп, Алта Пеј, беше под лупа на Европската централна банка во 2024 година поради начинот на кој, заедно со Дипломат Пеј, стекна удел во австриската Адико банка, според РСЕ/РЛ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ. Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКрвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM. Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“. Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер. Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат. „Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук. Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook