За „шамарите во Центар“ на Груевски ќе му се суди во отсуство

Со оглед дека неколку дена е во бегство, Кривичниот суд по барање на СЈО одлучи за “Насилствата во општина Центар” на обвиниетиот Никола Груевски да  му се суди во отсуство. 

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постојат важни причини рочиштето да продолжи како и досега.

-Се работи за обвинителен предлог пред повеќе од две години за повеќе лица, за дејствија преземени во 2013 година и во текот на расправата треба да бидат испрашани повеќе сведоци, а од друга страна воопшто не е познато кога обвинетиот Никола Груевски ќе биде достапен да му се суди во присуство.

Адвокатот Димитар Дангов пак од судот побара постапката за Груевски да се раздвои. Како што рече Дангов, позната била адресата на која се наоѓал Груевски, па затоа тој не бил бегалец, туку го искористил правото да побара азил, но ова барање беше одбиено.

Дополнително на ова обвинителката Фетаи побара да му биде одредена мерка притвор на Груевски и за оваа постапка, но по ова ќе се одлучува дополнително откако Судот ќе го добие барањето за одобрување на притвор на пратеник согласно Деловникот на Собранието.

Во овој предмет обвинет е и ексминистерот Миле Јанакиески. Тој денеска стражарно беше донесен од притворското одделение во Шутка. Неговата адвокатка Сања Алексиќ рече дека веќе се поднесени жалби по однос на притворот на Јанакиески и Кирил Божиновски. Алексиќ рече дека не знае за што разговарале Јанакиески и и претседателот Иванов на нивната средба во вторникот.

-Сметам дека вака донесеното решение со кое се определува притвор из а двајцата обвинети е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, меѓутоа и судот во Стразбур има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на друг, во конкретниот случај ниту на Јанакиески ниту на Божиновски кои не дадоа причина ниту повод да се определи притвор, бидејќи доследно ги почитуваа мерките на претпазливност кои беа определени во јули 2017 година,изјави Сања Алексиќ адвокат.

На денешното рочиште беа сослушани сведоци, кои работеле во општина Центар во 2013 година.

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот да преземе одговорнст

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

притисни ентер