Во притвор во Шутка петмина осомичени во „Империја“

Петмина  осоминчени од истрагата на СЈО наречена Империја добија триесет дневен притов. Судот засега не ги објави причините за изречената мерка.

Триесет дневен притвор доцна синоќа добија пет лица осомничени во истрагата на СЈО наречена “Империја”. Причината за изречената мерка за сега не е објавена во јавноста. Петмината осомничени во предметот, меѓу нив, бизнисменот Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, беа префрлени во затворот Шутка по одлуката на судија на претходна постапка.. Ова е исходот по долгата серија распити во кривичниот суд, која заврши неколку часови по полноќ. Од СЈО велат дека очекуваат и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела.

,,Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.– соопштија вчера од СЈО

Освен петтемина спроведени пред судија, во Империја се опфатени уште 8 други лица, меѓу нив мајката и сестрата на Јордан Камчев. Двајцата осомничени, Камчев и директорот на “ЗК Пелагонија” Панделески вчера и писмено се обратија до јавноста, изјавувајќи дека нивните фирми работат според сите законски прописи. СЈО ги товари за неколку кривични дела, меѓу кои за злосторничко здружување, перење пари, измама, злоупотреба на службена должност, како и оштетување на доверители.

Шкотска остана без премиер- Хамза Јусаф си поднесе оставка

Премиерот на Шкотска Хамза Јусаф денеска поднесе оставка, откако минатата недела ја растури коалицијата со шкотските зелени.

Јусаф поднесе оставка како лидер на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да го преживее гласањето за доверба подоцна минатата недела, пренесува Ројтерс.

Нешто повеќе од една година откако ја замени Никола Старџен на функцијата премиер и лидер на СНП, Јусаф рече дека е време некој друг да ја предводи шкотската влада.

Минатата недела Јусаф одлучи да ја прекине коалицијата со Зелените, кои исто така ја поддржуваат независноста на Шкотска, поради конфликтот околу политиката за климатски промени.

По распадот на владејачката коалиција, најголемата опозициска Шкотска конзервативна и унионистичка партија најави дека ќе иницира гласање за доверба на Јусаф.

Шкотскиот парламент сега има 28 дена да избере нов премиер, а доколку СНП не успее да најде нов лидер кој може да добие парламентарна поддршка, ќе се одржат нови избори.

„Чудото од дете“ на Барселона е најскапиот фудбалер на светот

Академијата Ла Масија во Барселона се смета за фабрика за создавање таленти.

Познато е дека низ неа поминале многу познати играчи како Чави, Иниеста, Меси, Бускетс, но еден играч би можел да ги засени во блиска иднина.

Тоа е Ламин Џамал, кој во јули наполни 17 години, а сега и официјално е најкорисен фудбалер во светот. Меѓународниот центар за спортски студии ја објави листата на најскапи играчи помлади од 23 години, на која чудото од Барселона го држи првото место.

Неговата вредност е проценета на 134 милиони евра, а второто место му припаѓа на 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невес, чија вредност се проценува на 73 милиони евра, додека третото место го поделија Савио од Жирона и Кол Палмер од Челзи. .

Инаку, Џамал ​​има договор со Барса до крајот на сезоната, а медиумите во Шпанија веќе го споредуваат со легендарниот Лео Меси.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

притисни ентер