Офицер , болен од СИДА намерно заразил над 70 момчиња

Полицијата во Тајланд уапси 43 годишен офицер , кој наводно уценувал и силувал над 70 момчиња, иако бил заразен со ХИВ/СИДА.

Полицијата го уапси наредникот Џакрит Комсинг , кој намерно заразил над 70 момчиња со кои имал сексуални односи , откако ги наоѓал на социјалните мрежи и ги уценувал.

Тој користел лажен профил на социјалните мрежи и на апликации за запознавање на ЛГБТ заедницата , за да се здобие со доверба кај своите жртви.

Потоа барал од нив да му праќаат фотографии , со кои подоцна ги уценувал и ги приморувал да имаат односи , иако знаел дека боледува од ХИВ/СИДА.

Хорор во Швајцарија – среде улица старица со нож до смрт избодела дете

Седумгодишно дете почина во болница , откако среде улица попладнево до смрт било избодено со нож.

Седумгодишното момче се враќало од училиште , когга околу 12,45 часот било нападнато со нож. Детето , цело во крв го нашла на тротоарот неговата учителка , која минувала со велосипед и повикала итна помош. Детето починало во болницата само неколку часа по приемот.

Подоцна во полицијата се пријавила 75 годишна жена , која рекла дека таа го нападнала момчето со нож .

Полицијата од Базел , град на северот на Швајцарија, утврдува кои биле мотивите на старицата за да го убие детето и дали е во роднинска врска со него.

Бранко Героски и Љубиша Николовски во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Бранко Героски и Љубиша Николовски.

Героски: За нас секогаш е поважен процесот отколку резултатите на претседателските избори, иако за политичарите обратно. Очекувам фер и демократски процес.
Николовски: Очекувам фер избори, стравувам од непризнавање на резултатите од страна на политичарите, политичките партии тешко легнуваат на грб да признаат туш.

Николовски: Датум за преговори значи отпочнување на пеглање на реформите, мислам дека заслужуваме подарок поради решение на проблемот со јужниот сосед.
Героски: Реформскиот процес можеше да биде забрзан, во ред е да не почестат со датум, но перформансите на актуелната влада не се баш задоволителни.

Николовски: Не расчистивме со "нема правда-нема мир" СЈО мора да си истурка случаите до крај.
Героски: СЈО беше донесено со Пржински декрет, затоа рекомпонирањето мора да се случи со консенуз, затоа и пораката од Брисел е да се најдат системски претпоставки од сите договарачи.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Вечниот лидер на Казахстан не ја напуштил без план претседателската функција

По 30 години на чело на државата претседателот на Казахстан , Нурсултан Назарбајев (78) во вторникот си поднесе оставка , што беше големо изненадување за сите.

Сепак , Нурсултан имал свој план. Веднаш утредента по оставката главниот град Астана е именуван во негово име и ќе се вика Нурсултан. Новиот претседател Касим Џомарт Токајев положи заклетва и веднаш предложо на местото претседател на парламентот да се именува ќерката на долгогодишниот претседател Назарбајев , Дариџе.

Според уставот на Казахстан , во случај на оставка или смрт на претседателот , функцијата претседател на државата ја презема претсеедсателот на Парламентот. Во април 2020 во Казахстан ќер се одржат претседателски избори , така што се очекува на нив да победи ќерката на ,,вечниот лидер”.

Назарбајев доби титула ,,татко на нацијата” , така што ќе може да има големо влијание на изборите. Казахстан има 18 милиони жители и големо богатство на нафта и природен гас, така што оваа средноазисла земја е меѓу најбогатите во регионот.

Ќерката на Назарбајев беше директорка на националната телевизија , како и потпретседател на владата . Има три деца , а во 2000 година формирала и своја партија , која подоцна се припоила на партијата на татко и.

притисни ентер